16.04.2020

Грција ја продожи забраната за влез до 15-ти мај

Грција ја продожи забраната за влез до 15-ти мај

Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, пренесува Фактор. 

Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е во сила до 15 мај 2020 година во 15 часот, вчера беше објавена во Службен весник и е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија“.

Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.


Gaetano Cessati

Исто така, исклучок од забраната има за камиони кои пренесуваат стока.

Во истата одлука на министрите, вклучени се и мерки што се однесуваат на поврзувањето на Грција со Албанија, Италија и Шпанија.

До 15 мај привремено се прекинати сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и е забранет влез во Грција за албански државјани, се прекинува морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

На 15 март, на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата Влада беше донесена одлука Грција да ги затвори границите со Македонија и Албанија, одлука што сега е продолжена за уште еден месец.
Извор: 
https://faktor.mk



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!