14.10.2020
Староградска куќа во Крушево достапна за изнајмување
Староградска куќа во Крушево достапна за изнајмување
Лоцирана во централното подрачје на градот Крушево, вилата Павија е на само 2 минути пешачење од главниот плоштад и на 10 минути пешачење од споменикот „Мечкин Камен“.

Ова уникатна крушевска куќа има четири апартмани и комплетно опремена кујна и купатило. Куќата има двор со градина која гостите може да ја користат, а има и WI-FI.

Што би правеле во Крушево? Кајак има предлози:
Крушево и ден денес е град-музеј. Познатите семејства до ден-денес раскажуваат за старите времиња, за момите донесени дури од Цариград, за уметниците од светски калибар како Никола Мартиновски и Тоше Проески, чиишто роднини и соседи ќе ги сретнете на улица.

Покрај ова, Крушево има прекрасна чаршија. Во неа се уште постојат некои од старите занаети: калајџиски, кујунџиски, казанџиски, чевларски, златарски и други. Сите работат бочвари, копаничари, бакроресци, фурнаџии, столари итн.

(Фото: СДК.МК)
За љубителите пак на активниот туризам во Крушево постои можност за изнајмување на велосипеди. Нешто кое тимот на Кајак.мк ви го препорачува.

macedonia-timeless.com
Посетете го музејот на Тоше Проески. Обејктот е изграден од бетон и стакло во форма на крст на површина од 870 квадратни метри. Музејската поставка обезбедува хронолошки приказ од детството и тинејџерските години до периодот кога Тоше го достигна врвот во уметничката кариера, збогатена со 350 автентични експонати, сопственост на семејството Проески. Во централниот дел е поставен молитвеник, верски предмети на Тоше и неколку негови запишани размислувања за љубовта, семејството, пријателството. Дел од поставките се и две восочни фигури на Тоше во природна големина.
Вила Павиа можете да ја резервирате на: 071 567 276
МОЖЕБИ САКАТЕ ДА ОТПАТУВАТЕ ВО МАВРОВО? ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Во вила Јана на Маврово можете да изнајмите кајаци за активен одмор
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
