09.02.2023
Куќарките покрај реката Треска достапни за престојување
Куќарките покрај реката Треска достапни за престојување
По вчерашното
четиво кое го објави платформата Кајак.мк, а во кое пишувавме за предностите од
посетата на рибниот ресторан „Извор“, денеска ве информираме дека го приклучуваме истоименото сместување на нашата платформа.
Базата на Кајак.мк бележи над 430 сместувања, а сите нови кои сакаат да ни се приклучат треба само да го пополнат формуларот кој ќе го најдат со еден клик ОВДЕ.

Сместувањето се наоѓа во Долни Манастирец, во склоп на самиот рибен ресторан Извор. Располага со 7 куќарки кои имаат по две соби, спална соба или двокреветна соба, дневен престој, кујна и тоалет.

Околината е идеална за оние кои се љубители на активниот туризам. Недалеку од сместувањето се наоѓа Слатинскиот водопад до кој можете да си организирате пешачка тура. Тревното дворче коешто се наоѓа пред куќарките е идеално за практикување јога или медитирање во текот на пролетта и летото. Шумот од реката Треска доцна во ноќта ќе ви ги опушти сите сетила.
Сместувањето е
идеално и за фамилијарни или тим-билдинг патувања, бидејќи има капацитет за 40
лица.
Повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!