10.09.2020

Во Македонија има село како Ботушје каде освен спокојот има и што да се прави

Во Македонија има село како Ботушје каде освен спокојот има и што да се прави

Многу од нашите читатели/патници не прашаа каде може да побегнат во Македонија “БЕЗ НИКОЈ ДА ГИ ВИДЕ“. За денеска ви го препорачуваме Долно Ботушје или Горно Ботушје (Ботуше) кое е село во западниот дел на Општина Македонски Брод, западна Македонија, на границата со Општина Гостивар. Овие фотографии ги направи Перица Савески. 


Селото се наоѓа во областа Горно Порече, на источните падини на планината Добра Вода каде можете да најете мали речни водопади. Северната атарска граница ја исцртува Ботушка Река, десна притока на Мала Река, која пак е најголема лева притока на Треска.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 57 семејства и 4 неженети, сите христијани.


Во XIX век Долно Ботушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Ботуше (Горно и Долно) (Bétouché) имало 26 домаќинства со вкупно 108 жители Македонци.


Покрај печурките кои може да ги најдете никнати во околината на селата, пешачењето покрај реката, вие можете да ги посетите и двете верски објекти:

  • „Св. Никола“ („Св. Јован“) — црква, изградена во 1915 г.
  • „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир




ПОВЕЌЕ ИНФО НА: 076 791 157



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.