26.04.2020

Македонските туристички агенции најавија почеток со работа од 4-ти мај

Македонските туристички агенции најавија почеток со работа од 4-ти мај

-Македонските туристички агенции најавија официјален почеток со работа на 4 мај и враќање кон нормалните работни обврски кои ќе значат подготвување за годинашната сезона.

-Пандемијата не делуваше врз зголемување на цените на понудите, остануваат исти, а резервациите “first minute“ по најниски цени, преку новоиздадени ваучери, ќе можат да се искористат до крај на 2021 година.


dylan nolte

ЧИТАЈ ПОДОЦНА:  Се подготвуваат нови правила за авиопревозот

Грција е една од омилените туристички дестинации на македонските туристи. Своите туристички објекти таа планира да ги отвори во периодот од  15 јуни до 1 јули и така да започне со мало задоцнување годинашнава сезона. Таа планира да им даде влез во државата на туристи само од одредени земји, главно од Балканот, додека за Западно Европските земји каде што вирусот зеде најголем замав, најверојатно ќе стави црвено светло. Со тоа Грција планира да има туристичка сезона и таа годинава да трае подолго.

-Од 4 мај, постепено, Грција се враќа  во нормала –  изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис. Тој во интервјуто за грчката телевизија “Скај” изјави дека секоја седмица ќе имаат по едно отворање.

ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје


@jeshoots

-Ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, кон средината на јуни отвараме врата за туристите, но внимателно. Ќе дозволиме влез на турсити од региони кои имаат стабилни бројки во борбата со пандемијата. Нашата цел е туризмот да се активира,  под услов да се заштити јавното здравје и да се прават неопходните контроли за да можеме да го грантираме нивото што го имаме денес. Сакам да потенцирам дека благодарение на направените напори, нашите туристички дестинации останаа незаразени, немаме многу големо ширење на вирусот на нашите туристички дестинации и ова ни создава надеж, но и многу голема одговорност да го задржиме ова ниво –  рече државниот министер на Грција за ТВ „Скај” .

ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Туризмот во Турција се враќа во средина на мај

Дека туризмот  во Грција  наскоро се  враќа  во живот, потврди и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

ЧИТАЈ ПОДОЦНА:Теохарис: Се стремиме границите во јули да бидат отворени за туристите


Suhyeon Choi

Македонските туристички агенции најавија официјален почеток со работа на 4 мај и враќање кон нормалните работни обврски кои ќе значат подготвување за годинашната сезона. Нивните очекувања се дека оваа година ќе имаме продолжена сезона. Она што е добра вест е што ситуацијата со пандемијата не делуваше врз зголемување на цените на понудите, тие практично остануваат исти, а напоменуваат дека сите резервации “first minute“ по најниски цени, кои беа направени пред кризата со пандемијата, важат преку новоиздадени ваучери кои клиентите ќе можат да ги искористат до крај на 2021 година.


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Од RyanAir велат дека доколку се принудени на „идиотско“ социјално растојание- тие нема да летаат

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.