20.03.2022
Викендица во Лесново: Опколени со природа и зеленило за џабе
Викендица во Лесново: Опколени со природа и зеленило за џабе
Кој и да нè праша за тоа каква ни е целта во 2022-ра година, ние од Кајак велиме дека целта ни е да додадеме што е можно повеќе сместувања на уникатни локации и места на кои ретко можете да најдете сместување на интернет. Наша цел е да го разубедиме секој домаќин да ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк и започне со испишување на една среќна приказна, бидејќи како што честопати знаеме да кажеме: Во Македонија недостасува среќата.

Запознавањето на нови луѓе, раскажувањето на животните приказни е она кое секој од нас ќе го направи исполнета личност со нови знаења и ќе му даде желба да продолжи да го гради она кое милува да го постигне.
Денеска сме среќни што успеавме за првпат во историјата на Кајак.мк да додадеме ново сместување кое се наоѓа во Лесново, многумина ќе се согласат дека го знаат селото по „Лесновски манастир“.

Домаќинот Трајче е нов помеѓу многуте кои ги отворија вратите за нашите патувачи. Неговата викендица располага со простран двор, нов изграден објект и со сите неопходни елементи за функционирање.

Во Лесново има што да се посети и како да се искористи слободното време. Одвојте еден ден за изучување на историјата на манастирот, еден ден за прошетка по стазите за планинарење, еден ден за посета на пештерите, а еден ден за гастрономско искуство во трите угостителски објекти кои се наоѓаат овде.

Фото:Фото: Google/ - Own work
Од искуството на локалните жители туристите најмногу се заинтересирани за пештерите кои во минатото служеле како ќелии во кои престојувале голем број монаси. Според преданието, тие настанале кога локалното население ископувало руда. Подоцна овие пештери биле населени од пустиножители и испосници, кои во овој крај ги имало многу.

Фото: mojportal.mk
Оние пак кои се љубители на активниот туризам, наша препорака е да го искачат „Илински врв“ каде може да ја посетат несекојдневната испосница на Св.Гаврил, а воедно и да уживаат во панорамските глетки кон Јакупива, Скопска Црна Гора, Шара, Осоговските планини и ред други.

Ова викендица е идеална за бегство од градот. Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!