15.03.2020
И Германија ги затвора границите
И Германија ги затвора границите
На телфонската седница што денеска ја одржа германската канцеларка Ангела Меркел била донесена одлука од 8 часот во понеделник Гермнија да ги затвори границите кон Франција, Австрија и Швајцарија поради кризата со коронавирусот.
Денеска бројот на починати од епидемијата на коронавирус во светот надмина 6000, пренесува Франс прес.
Романија прогласи вонредна состојба, а Чешка, која веќе ги затвори границите, би можела да се стави во карантин. Ова следува откако нови ригорозни мерки стапија на сила во Франција и Шпанија.
Германија ќе ги затвори границите утре во осум часот, но тие ќе останат отворени за оние кои одат на работа и за превоз на стоки. Во земјата досега има девет починати и 4.585 заразени. Полска, Чешка и Данска, кои се соседи на Германија, веќе ги имаат затворено границите.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.