06.11.2020

Планинска куќа во срцето на „Галичица“ со поглед кон Преспанското езеро

Планинска куќа во срцето на „Галичица“ со поглед кон Преспанското езеро

Есенските денови се супер повод да го поминеме слободното време на планина. Од кои причини? Чистиот воздух, активниот одмор при пешачење и освојување на врвовите и ред други придобивки кои ќе ви помогнат да заборавите на стресот и уживате барем за момент во звузите и боите на природата. 

Наш предлог за оние авантуристи кои сакаат да побегат од метежот, а притоа да не ги виде никој, е ова скромна етно вила која се наоѓа во селото Сирхан.

Сирхан е нова крајбрежна населба во која на ридот можат да се видат различните градителски достигнувања на македонската архитектура во повоениот период.

Тука, езерскиот брег е на оддалеченост од асфалтниот пат само неколку метри. Тој е покриен со ситен песок, кој одвреме-навреме се мие со чистата езерска вода. Езерото се сретнува со националниот парк „Галичица“ кој е од самата вила нагоре, а одличен да се посети овој период од годината (Особено за љубителите на добрата есенска фотографија и на планинарењето)

Во Сирхан се наоѓа вила Цвета која е во срцето на Националниот парк Галичица со поглед кон преспанското езеро. Плажата е оддалечена 2 километри од вилата, каде можете да се релаксирате на есенското сонце, а шумата замислете започнува буквално од дворот кој е позади вилата. 

Просторот

Вилата има капацитет до 10 лица, има 4 спални соби, голем салон, две бањи, две кујни. Салонот има голем традиционален камин и балкон со поглед на езерото Преспа. 

Вилата има голема градина со скара и скара. Шумата започнува буквално во задниот двор. Можете да ја изнајмите целата вила или пак само соби.
Повеќе информации можете да добиете на: 078492471

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.