30.03.2023
Предлог гастро викенд дестинација: Во Извор
Предлог гастро викенд дестинација: Во Извор
Деновиве тимот на
Кајак.мк ќе ви направи детално претставување на гастрономската мапа на Вевчани.
Места кои треба задолжително да ги посетите и да вкусите локални специјалитети.
Во текот на вчерашниот ден ве прошетавме низ „Домаќинска куќа“ чија приказна ни ја раскажа господинот Глигор, а која можете да ја прочитате со еден клик ОВДЕ.

Денеска ве водиме непосредно до самите вевчански извори, каде под длабока и бујна сенка се наоѓа гостилницата „Во Извор“.
Од едната страна жуборот на реката, а од другата страна бујна вегетација. Локацијата е извонредна, велат сите кои биле гости во гостилницата, а кога зборуваме за специјалитетите, тимот на Кајак.мк ви предлага да вкусите речна пастрмка која можете сами да ја уловите. Гостилницата е позната и по домашните колбаси, Вевчанската тава како и дименото месо кое сигурно ќе ви го мамаи погледот.

Ресторанот се наоѓа
на самиот вруток. Внатрешниот амбиент е традиционален и современ дизајн.
Ресторанот располага со капацитет со 80 места преку зима, а 120 места преку
летниот период.
Повеќе информации,
фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.