06.04.2020
Околу 90% од граѓаните би отишле на одмор доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола
Околу 90% од граѓаните би отишле на одмор доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола
На кратката анкета која во изминатиот период ја спроведе нашиот агрегат за патување „Кајак.мк“ се со цел да го слушне размислувањето на граѓаните, констатирано е деке 90 отсто од граѓаните би патувале доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола.
Најчестите причини кои се наведени и поради кои граѓаните би заминале на летување се: Намалување на стресот, одморот покрај море кој е незаменлив, одмор после сите полски работи, бидејќи вреди да се погледне светот, а има и коментари кои велат дека после сето ова што се случуваше со коронавирусот неопходен е одмор.
На прашањето кои фактори би имале влијание за да се одлучат на спротивното многумина од испитаниците изјавија дека клучен фактор е пандемијата. Доколку се уште трае тие стравуваат дека нема да појдат на летување, а има и такви коишто одговорија дека можеби финансиите би го одложиле овогодинешниот одмор.
Размислувањето на лицата коишто одговорија дека нема да летуваат додинава се дека „доколку сите држави во свет и сите организации кажат дека може да се патува, се уште нема да биде сигурно дека сите се излечени. Многу од луѓето може да немаат симтоми а да се заразиле. Премногу е краток период од сега до лето. Треба многу луѓе да се истестираат и да помине 1 месец во карантин на голем број луѓе за да бидат сигурни дека нема нов случај. Временски не е возможно да го снема вирусот до мај / јуни. Другата причина што светот ќе биде во голема економска криза каде што дополнителни трошоци од одмор не се потребни.“, велат испитаниците.
На прашањето што би било тоа поради кое би го промениле својот став, одоговорот беше дека паниката којашто е создадена кај луѓето влијае на нивната одлука. Еден испитаник вели дека е голем паничар и дека не сака да заради други лица.
Ethan Robertson
Според наведените одговори, 63,3% од испитаниците одговориле дека летуваат во Грција.
23% од испитаниците одговорија дека веќе имаат резервирано летен одмор.
COVER PHOTO: Jakob Owens
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!