31.08.2022

Предлог викенд дестинацијa: Бунгалови во Пешна кои може да си ги дозволи секој

Предлог викенд дестинацијa: Бунгалови во Пешна кои може да си ги дозволи секој

Дел од вас со сигурност го имаат истражувано регионот на Македонски Брод, а за останатите кои се уште го немаат стапнато овде, тимот на Кајак.мк ви предложува да го посетите мотелот и ресторан Пешна кој од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а за кое сместување можете да најдете повеќе информации со еден клик ОВДЕ.


Мотелот и ресторан Пешна се наоѓа во непосредна близина на градот Македонски Брод од кој е одалечен само 7 километри,од Скопје 70 км преку националниот парк Јасен, од Кичево 33км, од Прилеп 38км и се протега на површина од 8000 м2.

Ова викенд дестинација им ја препорачуваме на љубителите на свежата риба и специјалитетите од риба, но има и многу други специјалитети кои можете да ги пробате.


Сигурно ви е добро познат називот „Пешна“, а тоа е и атракцијата која треба да ја посетите доколку дојдете овде. Пешна е најголемата пештера на Балканот, која е одалечена само 700 метри од мотелот. Но кога веќе доаѓате во овој крај, треба да знаете дека на 500 метри западно преку реката Треска се наоѓаат кулите во кои живеела сестрата на Крали Марко, а кои ѕидини денеска кријат застрашувачки средновековни тајни.


Покрај наведените атракции кои мора да ги посетите, треба да знаете дека во непосредна близина на ресторанот тече реката Понорица од која извира и тече солена вода.

Мотелот има свои бунгалови, а и свој главен објект. Цените за престојување се доста ниски и може да ги дозволи секој истражувач.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.