23.07.2020

Како да го најдете спокојот во Лесново? Лесновска куќа ќе ви помогне во тоа

Како да го најдете спокојот во Лесново? Лесновска куќа ќе ви помогне во тоа

Сакате повеќе информации од Лесновска Куќа? Побарајте ги во секое време на: 070 735 351

На само околу два часа возење од Скопје, тимот на Кајак.мк пристигна на Лесново. Како што и раскажувавме во изминатите денови, Лесново е место кое задолжително мора да се посети. Тргнувајќи од пештерите, манастириот, а завршувајќи во ресторанот „Лесновска Куќа“ која ни го украде вниманието. 


Преубавиот етно стил во надворешниот дел на ресторанот ќе ве купи на прв поглед. Овде е доста пријатно за седење. Уживањето под чардакот на ресторанот „Лесновска Куќа“, чистиот планински воздух и вкусната храна која се приготвува на традиционален начин. 

Нас не дочека сопствениот на објектот, господинот Коцев кој и покрај обврските со ресторанот, има време за секој гостин да го почасти со разговор. Коцев знае доста работи за околината, која околина наскоро ќе биде под капата на УНЕСКО. Интересните факти околу вулканските камења кои се преработувале, манастирот и музејот кој се наоѓа во непосредна близина се добро проучени за Коцев. 

Затоа ние дефинитивно ви го препорачуваме овој ресторан.


За да ја погледнете нивната официјална фејсбук страница, кликнете ОВДЕ

Што се однесува до храната, не сме големи експерти да зборуваме за начинот на подготовка, од причини што тоа за нас беше несекојдневно, но можеме да ви гарантираме дека вкусот ја опишува лесновската идила. 

Специјалитет и нешто кое морате да го пробате е јагнешко или овчо месо под сач. Начинот на подговотвка укажува на фактот дека ресторанот ја почитува традицијата. 

Ви го препорачуваме надворешниот дел од ресторанот кој има прекрасен поглед кон „Лесновскиот манастир“. Овој манастир зазема значајно место во македонската црковна, национална и културна историја. 


Пештерите кои во минатото служеле како испоснички ќелии на голем број монаси.Според преданието, пештерите настанале кога локалното население ископувало руда и оформувале воденични камења, кои биле многу барани во Солун и Цариград. Подоцна овие пештери биле населени од пустиножители и испосници, кои во овој крај ги имало многу. Токму во една од нив 30 години молитвено тихувал пустиножителот Гаврил Лесновски. Денес пештерите се мали светилишта со многубројни икони во нив, од кои се шири пријатен мирис на темјан.


САКАТЕ ЕДНОДНЕВЕН ОРГАНИЗИРАН ИЗЛЕТ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ, ПОСЕТА НА ПЕШТЕРАТА ЕТНА, ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР, МУЗЕЈОТ И ДЕГУСТАЦИЈА НА НАЈДОБРАТА СКАТА ВО РЕСТОРАНОТ ЛЕСНОВСКА КУЌА? 

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛОСНАТА ПОНУДА СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.