05.10.2022

Тим билдинг во Грција за среќен крај на летната приказна

Тим билдинг во Грција за среќен крај на летната приказна

За оние коишто нѐ прашуваат: Дали тимот на Кајак.мк организира тим-билдинг патувања во Грција? Одговорот е секако „ДА“. Кајак.мк соработува со платформа која соодржи вкупно 570 хотели идеални за организирање тим-билдинг патувања во текот на целата година.


За тоа дека нема лош период за организирање тим-билдинг патување во Грција, потврди компанијата „Frontwise Group“ со чиј вработени имавме прилика да другаруваме од 29.09 до 01.10, период кога како организатори се соочивме со доста динамична група од млади кои знаат како да го уживаат своето време со колегите.


Пред сѐ треба да признаеме дека времеските услови и температурата беа одлични. Прекасно поминати три дена во хотелот Bianco Olympico во Ватопеди. Сигурно многумина од вас се прашувате каде се наоѓа Ватопеди и поради кои причини го одбравме овој хотел да биде наш дом за време на тим-билдингот? Кајак.мк како платформа советник сака да ви сподели неколку совети кои ќе ви помогнат да одлучите дали хотелот е идеално место за вашиот следен тим-билдинг.


Ватопеди е мало селце кое се наоѓа непосредно пред Никити, познато туристичко место на вториот крак. Хотелот Bianco Olympico е покрај плажа, опколена со плантажи маслинови дрвца, што ви дава чувство на отцепеност од масовниот туризам и метежот кој може да го начекате во текот на сезоната во Грција. Додека појадувате на терасата се чувствува мирисот од боровата шума и маслинките кои се зреани во овој период од годината. Со еден збор: Спокој!


Хотелот има прекрасна тераса каде се служи ALL INCLUSIVE услугата. Богат појадок, ручек и вечера, а пак за пијалоците вклучени во услугата овде е барот и базенот каде можете да уживате во добар лаф-муабет со колегите. Хотелот се наоѓа на угорно место, нешто кое треба да го имате до знаење ако евентуално имате проблем при искачување на угорнина, но сепак малиот напор го оправдува погледот кој го нуди хотелот.


Хотелот има мала плажа со лежалки, прекрасно зајдисонце и тесна козја патека по која треба да се движите за да стигнете од хотелот до плажата. Нам Bianco Olympico ни овозможи прекрасно домаќинство за време на престојот.


Недалеку од Ватопеди, се наоѓаат прекрасни туристички дестинации кои можат да се посетат со организиран превоз. Овде е Ковиу, прекрасната долга и песочна плажа. Ковиу нам беше идеална плажа за TREASURE HUNTING и за целодневно киснење во топлата морска вода.

Покрај игрите кои ги органзиравме, во забавниот дел ни се приклучија нашите пријатели и другари од ChillOut кои сепак ги ставаме како јаготка на шлагот.



Frontwise Group е нашата нова компанија херој која преку својот тим-билдинг донираше нови 200 дрвца за пошумување во Македонија, а кои вработени докажаа што значи борбеност и колегијална соработка.


Сонцето не беше случајно, сонцето беше поради позитивните вибрации кои ги креираше групата во текот на патувањето. Само така времето може да ни се насмевне. Но кога станува збор за временската прогноза, за сонце, дожд, снег, ветер или грмотевици, имаме само едно да кажеме: Не постои лошо време за патување, постои само лошо расположение и лошо друштво.

Ви благодариме Frontwise на спомените, дефинитивно ќе ни послужат како искуство при наредните патувања.

Доколку сакате повеќе фотографии од патувањето, можете да погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.