17.11.2020
Сместување на Голак: Единствено место за уживање над Делчево!
Сместување на Голак: Единствено место за уживање над Делчево!

Сместувањето може да ви биде во хотелот "Гранит", кој располага со 10 соби, главно трикреветни. Во секоја соба има тоалет и туш и - телевизор. Хотелот се затоплува со сопствено парно греење и има ресторан, кој нуди добар избор на јадења и скара. Ако до Делчево стасате со автобус, такси-превозот до Голак ќе ве чини околу 250 денари.


Првата е патеката на Петко. Ова е кратка патека на Голак, но живописна. Долга е еден километар, но е доста едукативна, па затоа ви препорачуваме да ја прошетате со вашите деца. Патеката има за цел да овозможи интерактивно учење за природата и биолошката разновидност во брегалничкиот регион.

Поставена е во највисоките делови на планината, на надморска височина од 1375 m до 1400 m, односно висинска разлика од само 25 метри. Главно поминува низ густа шума, со уникатен шумски биодиверзитет. Во првите 300 метри, патеката се спушта, потоа води речиси хоризонтално, за на крај пак да се искачи и да се поврзе со стартното место. Попатно се наидува на неколку извори и чешми, со студена и кристално бистра планинска вода.

Коментари
-
Lozanoski dime
26.07.2024 11:58
Bi sakal da prasam za 2 3 i 4 avgust za dvajca dali ima slobno
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!