05.12.2022
Првата традиционална лесновска куќа во која домаќините ви подготвуваат вкусна традиционална храна
Првата традиционална лесновска куќа во која домаќините ви подготвуваат вкусна традиционална храна
Тимот на Кајак.мк е среќен што денеска ќе ве запознае со селското домаќинство Томевски, во кое мора задолжително да престојувате за да ја почувствувате автентичноста на регионот и да доживеете една поинаква уникатна приказна. Приказната за која фамилијата Томевски секогаш се грижи да биде поразлична од она коешто досега сте го доживееле.



Домаќините на ова прекрасна лесновска куќа Томевски имаат домашно производство на сезонски зеленчук и овошје. На гостите секогаш им е на располагање домашната храна која е комбинација од домашни јајца, домашен леб, млечни производи, домашно сушено месо, мед, домашна ракија, мармалади, разновидно слатко, компоти и производи од лековити билки.


Лесновската куќа Томевски се наоѓа недалеку од познатиот Лесновски манастир Св. Гаврил Лесновски кој датира со пишани податоци од крајот на 10-ти век. Фрескописот во црквата е од 14-ти век. Во самата црква се наоѓа гробот на Св. Габрил лесновски спасител од 11-ти век и Св. Гаврил Светогорец Епископ Велички чии чудотворни мошти точат многубројни исцеленија.



Сместувањето има капацитет за 15 лица, што значи дека можете да ги органзирате сите ваши блиски роднини и пријатели и да доживеете едно поразлично искуство за време на викендите или преку работната недела.

Сместувањето е на 900 метри надморска височина, во самиот Лесновски вулкански кратет. Објектот има 4 апартмани и сите апартамни може да бидат двокреветни, трокреветни или четирикреветни.

Ваквото уникатно
сместување вреди да биде на вашата листа на задолжителни посети, повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.