18.12.2020
Се искачив на Мон Блан, а потоа се вратив на Пониква и решив да инвестирам!
Се искачив на Мон Блан, а потоа се вратив на Пониква и решив да инвестирам!
Не е залудно кажано: Љубовта си го прави своето! Доказ дека се што се сака се може е и приказната на Никола Мице, човекот кој својот живот го посветува на планината, алпинизмот, скијањето и инвестирањето во туризмот. Тимот на Кајак.мк ви раскажува уште една интересна приказна од луѓе кои треба да го инспирират секој оној кој сака да се вложи во туризмот.
Човек кој се решава да побегне од нешто кое го гуши и да се посвети време на нешто кое сака да го работи.
Своите најмлади години ги поминува во Кочани. Овде ја добива и желбата за планинарење. Слободното време го користи за проучување на планините, запознавање со алпинизмот и практиување на спортот на домашните планини. Својот најголем успехот го достигнува со искачувањето на Мон Блан во далечната 1980 година. Што значи дека тој е воедно и првиот кочанчанец кој заедно со своите другари се имаат искачено на Алпите.
Покрај алпинизмот, Мице денеска е еден од најдобрите инструктори во скијање на Пониква. Со професијата се бави од деведесетите години. Неговиот клуб „ПСД Пониква“ има освоено преку стотина медали од кои половина се златни. 
Но како што вели тој, не е се така сјајно. За време на транзицијата неговиот клубот започнува финансиски да се распаѓа, но желбата за работа и големата љубов кон планината му даваат сила да застане сам во битката против кризата. Се решава да отпочне со реконструкција на старото и распаднато одморалиште на Пониква кое во тоа време дел од компаниите го користеле за одмор и рекреација. Истото одмаралиште, веќе во 1991-та година започнува да функционира како место каде ќе може да престојува неговиот клуб. 
По неколку години, интересот кај граѓаните да ја посетуваат Пониква започнува да расте. Се градат многу викендици, отвараат мотели, за денеска да биде еден прекрасен планински центар.
Со раѓањето на неговите внуци се раѓа и желбата за ски школа на Пониква која денеска ја води неговата ќерка која е лиценциран ски инструктор.
Доста интерсни се зачетоците на ски школата. Наместо со теренско возило, ученицит се пренесувале со санка која била влечена од 7 кучиња хаски. Мице вели дека, неговите хаски на крај на денот кога се враќал назад во Кочани го испраќале цели 20 километри, а потоа сами се качувале на планината. 
Денеска неговиот мотел има капацитет за 30 лица. Секога година организира ски школа и натпревари во скиење.
Мотелот на Мице, можете да го најдете во нашата база на приватни сместувања.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!