01.04.2021

Уникатно сместување во вили на Љубаништа каде владее спокојот

Уникатно сместување во вили на Љубаништа каде владее спокојот

На првиот ден од месец април, тимот на Кајак.мк ве води на брегот на Охридското езеро. Со доаѓањето на пролетта се зголеми интересот на патниците да пребаруваат сместувања кои се наоѓаат покрај вода, а воедно и сместувања кои се исклучени од урбаната средина како би можеле да уживаат во тивката средина. 


Денеска ви преставуваме една вила која е дел од нашата база на приватни сместувања, а чии сопственици се вистински гастрономски експерти. Ова урбана и модерна вила се наоѓа на Љубаништа, едно од нашите омилени места покрај Охридското езеро. Таа е во сопственост на професорката д-р Ангела Паскуле која е професорка на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид каде држи предавања по предметите Нутрицизам, Диететиката, Енологија, Наука за исхрана. Сопругот на Ангела, Франко Паскуле е италијанец од Пуљиа, јужна Италија. Тие заедно ја имаат истражувано цела Италија, а малтене и целиот свет.


Во текот на своите патувања, најголем фокус посветиле на локалната кујна и гастрономија и локалниот идентитет на дестинацијата.

Професорката Ангела зад себе има повеќе од 20 европски проекти поврзани со значењето на локалната кујна и за креирањето на имиџот на туристичката дестинација која е моќен инструмент за промовирање на локалниот идентитет и култура. Таа е репрезентативен член на Slow Food Macedonia кој зад себе има сработено многу проекти од кои последните и се брендирање на „Slow food“ гостилници, Balkan food cooking heritage и слично. 


Она што ги прави укинатни вилата Butterfly и Villa Unika е тоа што гостите може да добијат одлични совети и препораки од сопствениците за вистинско гастрономско доживување на регионот. 


Сместувањата се ноѓаат на 600 метри од плажата и на 2 километри од прекраниот Св. Наум. Двете вили имаат комплетна приватност со засебен двор и паркинг. Секоја вила има два спрата. На горниот кат има три спални соби (две спални соби со брачен кревет 160х200, со сопствена тераса со поглед кон Езерото и една соба со два кревети на спрат) и тоалет.

Доколку сакате да ги погледнете сите детали на вилите, фотографии како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.