27.06.2022

Вила во летниот рај наречен Маврово

Вила во летниот рај наречен Маврово

Маврово е дестинација која за нас е идеална во текот на цела година. Не можеме да кажеме дека летото не е забавно во Маврово кога знаеме дека има еден куп активности кои може да ви го исполнат вашето слободно време.


Овде се џип турите кои ги организираат нашите нови домаќини кои од денеска нивната „Villa Paradise“ е дел од нашата база на приватни сместувања.

Домаќинката Весна вели дека нивното сместување е идеално за друштва кои сакаат да го истражуваат регионот од еден поиканов аспект. Таа додава дека честопати на гостите (кои ќе побараат) им организира гастрономско искуство со домашна локална храна која таа самата ја подготвува.


Тие имаат и свој пчеларник кој е интересна гастрономска попатна дестинација. Ваквите пчеларници ги користат за произвдство на домашен мед, а често подготвуваат и специјалитети за гостите од мед. 


Вилата која ја изнајмуваат се наоѓа во населбата Маврово, недалеку од новата црква Св.Никола. До самата викендица има асфалтен пат. Околината каде што се наоѓа вилата е доста мирна и идеална за уживање. Честопати ова сместување го бараат луѓе од IT секторот кои ја “преселуваат“ својата канцеларија во природа.

Доколку сакате повеќе информации, контакт за резервации и фотографии, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.