07.04.2022
Ја промовираме Македонија преку рубиковата коцка
Ја промовираме Македонија преку рубиковата коцка
Александар Арсовски има 29 години и за тимот на Кајак.мк е нов локален херој, кој за разлика од останатите наши херои, тој привлекува туристи во Македонија на многу поинаков начин. Алексадар работи како тим лид во софтверска компанија, но неговото хоби му помага да запознава нови луѓе, да ги шета низ Македонија и да ја промовира нашата држава надвор од границите и тоа со решавање на рубикова коцка.

За оние коишто не знаеле, во Македонија има „Македонска Кјубинг Асоцијација“ која е формирана како резултат на првиот натпревар на Александар во Софија во 2018-та година. Тој вели дека на неговиот прв официјален натпревар во Софија успеал да направи нов македонски рекорд во рубикова коцка. Рушењето на рекордот предизвикал лавина од позитивни реакции од медиумите, со што се зголемил интересот да се организира ваков натпревар и во Македонија.

По Софија, Александар се одлучува да организира натпревар во Македонија, каде со помош на блиски пријатели ја основа „Македонската Кјубинг Асоцијација“. Љубовта кон решавањето рубикова коцка за Александар е одамна. Отсекогаш бил љубител на логички загатки и задачи, но рубиковата коцка му дала шанса да го разбуди неговиот компетитивен дух. Сфатил дека со доволно вложен труд може да стане најдобар во Македонија, а во тоа и успеал.

Денес, неговата возраст му наметнува многу други работни обврски, па во последните неколку години помладите „кјубери“ веќе го освоиле тронот на кој факт е особено горд од причина што знае дека во Македонија се уште има млади кои го практикуваат кјубингот. Но вели дека се уште го држи рекордот за решавање на коцка без гледање.

Здружението функционира на волонтерска база. Се состои од група на неколку лица кои се залагаат за промовирање на ова хоби во Македонија и го работат чисто од љубов. Главната цел е одржување на официјални натпревари во Македонија. За еден натпревар да биде официјален треба да е поддржан од светската асоцијација (WCA) и да има официјален делегат од WCA.

Од 2020 Александар е официјалниот делегат, што му дава право во Македонија да одржува официјални натпревари. До сега имале 3 официјални натпревари уште пред да ја официјализира функцијата, а пандемијата вели дека им забранила да организираат дополнителни натпреварвања.

Тој се надева
дека оваа пролет или лето ќе продолжат од каде што застанале. Покрај натпреварите
организираат и помали собири каде решаваат коцки, споделуваат искуства, се
дружат и секако канат нови лица кои се заинтересирани да им се придружат во
тимот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.