18.09.2020

Во Мариово се наоѓа една од најдобрите етно куќи која може да ја резервирате

Во Мариово се наоѓа една од најдобрите етно куќи која може да ја резервирате

Единствениот туристички сервер Кајак.мк ви ја предлага етно куќата „Благибог“ која се наоѓа во селото Дуње, Мариовско. Сопствениците на објектот вели дека ова е идеална прилика да ја погледнат недопрената природа во Мариово. Чистиот воздух и прекрасната локација се предлостите на Мариово. Едно ноќевање овде е 600 денари.


Ова етно куќа има своја градина и огромен балкон на кој можете да појадувате. Исто така има заедничка кујна, а куќата поседува и скара за користење. Собите имаат заедничка бања. 


За сите кои се заинтересирани, збор два повеќе за Дуње. Ова село се наоѓа во северниот дел од областа Мариово, од левата страна на Црна Река во пределот познат како Мало Мариово. Поточно, Дуње е сместено во прилепскиот дел на Мариово на еден прилично простран зарамнет дел од висорамнина која како благо се издигнува како последниот отсек и подножје на Дрен Планина, од десната страна на малите поврзани потоци Дуњска и Лисичка Река. Дуње е ридско село расположено на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп селото Дуње е одалечено 29 километри, и е поврзaно директно со асфалтен пат кој се исклучува од левата страна на главниот регионален пат од Прилеп за Витолиште.


Што би правеле овде?
Ова се дел од културните и природни знаменитости:
Цркви

  • Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
  • Манастир „Св. Ѓорѓиja“
  • Манастир „Св. Петар и Павле“
Археолошки наоѓалишта
  • Баево Трло — некропола од римското време;
  • Грамаѓе - Голем Дол — населба од римското време;
  • Дејчин Гроб — населба од доцноантичкото време;
  • Малево Село - Лигураса — населба од римското време;
  • Прчинога — населба од неолитското и доцноантичкото време;
  • Трпчева Црква — населба, црква и некропола од средниот век.
Реки

  • Дуњска Река


Контакт од сопствениците на куќата: 071 854 868


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.