30.09.2020

Вила во Пехчево која е идеална за активни велосипедисти

Вила во Пехчево која е идеална за активни велосипедисти

Последните топли денови, секој велосипедист сака да ги искористи за да прошета некаде се совојот пријател. Како туристички сервер со препораки за патување и престојување, Кајак.мк ви ја препорачува вила „Ривер“ која се наоѓа на излезот од Пехчево односно на патот кој води до неколку туристички атракции, како Вртена скала, Јудови ливади и Смрдлива вода. 

На јужната страна во дворот, која е лоцирана кон реката и шумата (под терасата), има скара, маса со 8 столици и лулашки. На северната страна од дворот (меѓу куќата и патот) исто така има простор за седење на која може да се смести пластична гарнитура за 4 лица. Двата двора имаат осветлување во вечерните часови, така што може да се ужива во романтична атмосфера. Во приквечерните часови од нив се гледа прекрасен залез на сонцето, а во ноќите небото со безброј ѕвезди.

Смрдлива вода (Рѓава чешма) е постојан природен извор во непосредна близина на Вртена скала, со значителна издашност. Водата од овој извор има изразена специфична миризба, жолтеникаво-црвенкаста боја, а вкусот е кисело горчлив, бидејќи поминува низ железни руди со кои изобилува Буковик. Се користи за лекување на стомачни заболувања.

Јудови Ливади се наоѓа на околу 2,5 km источно од Пехчево, во изворишниот дел на потокот Ракавец, на надморска височина од околу 1200 m. На тресетиштата и влажните ливади се развива месојадното растение Drosera Rotundifolia или муволовка 

Во Пехчево има велосипедска патека која е долга 10 километри. Таа ги поврзува Пехчево со останатите туристички места. Патеката е маркирана, по неа се поставени табли, патокази, канти за отпадоци, изготвена е мапа, а за потребите на туристите и посетителите обучени се седум локални водичи кои им помагаат во запознавањето на градот Пехчево и локалитетите лоцирани во негова близина.

Вилата можете да ја резервирате на: 070 355 566


Прочитајте: Од Скопје до Китка со велосипед! Зошто да не?


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!