23.12.2020
Преку пешачење промовираме туризам во Берово!
Преку пешачење промовираме туризам во Берово!
Берово има сонце во декември. Сонцето во комбинација со чистиот воздух е причина поради која треба да излеземе и прошетаме во беровската околина. Нашиот тим денеска ве запознава со Pathfinders, млади ентузијасти кои го искористија декемвриското сонце за да реализираат пешачка тура која верувале или не имаше 36 учесници. 
Како што велат тие, слободното време го користат за да организираат „пешадија“ низ малешевијата, на кој начин ќе ги запознаат локалците со убавините на регионот.
Нивната промотивна планинарска тура беше под називот „Малешевијата во доцна есен“ која имаше за цел неформално да ги запознае учесниците во турата со природните убавини на регионот.
Цели пет часа пешачење и 13.5 поминати километри за да може да се ужива во тоа што се нуди. Од Pathfinders велат дека на 9-тиот километар направиле пауза во викендица каде на дворна маса дегустирале греена ракија и домашно кафе. 
Најмладите учесници на турата има само 17 години, што на некој начин ни ја дава надежта дека ваквите пешачки тури ќе се развиваат во традиција.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!