02.08.2020
И ова е во Македонија: Селото Зовиќ магнет за авантуристи
И ова е во Македонија: Селото Зовиќ магнет за авантуристи
Запознајте го мариовскиот регион, односно едно од најпопуларните села, селото Зовиќ. Можеби ова место најдобро ќе ви го преставиме преку објективот на Дарко Бошковски, кој во нашта група „Туризам во Македонија“ ни испрати прекрасни фотографии. Со еден збор Дарко знае како да ја претстави вистинската убавина на овој крај.



Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел на областа Мариово. Припаѓа на Општина Новаци и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско Мариово. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на Градешка Река. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка Свети Атанасиј, во подножјето на висорамнината Добро Поле. Иако куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови, според надморската височина Зовиќ е ридско село.
Крај селото веднаш по познатиот Зовички мост, Градешка Река која извира и дотекува од планината Ниџе навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката Сатока која потоа се влева во Црна Река. Од градот Битола е одалечено околу 70 километри во источен правец и е поврзано со колски пат кој се одвојува како крак од асфалтниот пат кој оди преку селата Рапеш и Маково.
Преку велосипедска и пешачка патека кон север во должина од 11 километри или 3 часа одење пеш минувајќи преку реките Градешка и Сатока, Зович е поврзано со селото Манастир во прилепскиот дел на Мариово. По оваа патека минуваат големата велосипедска и пешачко-планинарската тура во рамки на фестивалот Mariovo Off-Road Experience.
МЕСТА КОИШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТАТ:
- Зовички мост — познатиот лачен камен мост преку Градешка Река на кој се снимени сцени од играниот филм Прашина на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски, кој бил воодушевен од глетката. Мостот е изграден во 1955/56, на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на некој мештанин, селанец кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот постоечки мост од мајсторот Џуладин од Струга. Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи, која е остаток од пештерното црквиче кое постоело таму, а веднаш до него постои и возобновена воденица. Преку мостот секоја година поминуваат големата велосипедска и планинарската пешачка тура во рамки на фестивалот Mariovo Off-Road Experience.
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, изградена во 1862 година;
- Црква „Св. Атанасиј“ — мала еднокорабна средновековна црква на врвот на ридот над селото
- Манастири
- Чебренски манастир — средновековен манастир составен од 2 цркви „Св. Димитриј“ и „Св. Спас“ веднаш на десниот брег на Црна Река во некогашното раселено Чебрен, денес во рамки на атарот на Зовиќ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!