02.08.2022
Вила во село Дурачка Река на 1000 метри надморска височина
Вила во село Дурачка Река на 1000 метри надморска височина
Многумина од вас се уште не слушнале за село Дурачка Река, а нам пак ни е многу драго што денеска додаваме сместување кое се наоѓа во регионот на Крива Паланка, регион кој сакаме доста да го разработиме и да темелно да го истражиме со сместувањата кои ги нуди.

Домаќините на вила Ана Марија кои се одлучија да ги отворат своите врати за светот на Кајак.мк велат дека она што го прави ова селце како идеална дестинација за посета е надморската височина која е 1000 метри, а како втора атракција е реката Дурачка која поминува низ самото село.

Тимот на Кајак.мк ве советува да испланирате неколкудневен престој во текот на неделата или викендот се со цел да го истражите регионот. Како совети за тоа што се може да се посети овде би ви ги издвоиле манастирот Св. Јоаким Осоговски и посетата на село Станци во кое село се наоѓа старата воденица и валавница.

На само 25 минути пешачење од село Станци ќе пристигнете до Станечкот водопад кој е опколен со старолетна шума и недпорена природа. Тие кои ќе се одлучат да го посетат водопадот треба да внимаваат на патот до водопадот кој бара поголема физичка подготвеност поради релативната пристапност на теренот.

Вилата Ана Марија е идеална за поголеми друштва. Располага со 10 соби опремени со современ мебел, а секој апартман има свој тоалет и купатило.

Самата позиција на вилата ви нуди прекрасен поглед и дворче кое им е достапно на гостите. Во самото дворче имате простор за подготовка на скара на камен, а низ дворчето имате клупи и масички за седење. Во вилата имате разни соодржини за користење, како шах, карти, табла, доминио и слично.

Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.