12.11.2020

Организирајте идеална домашна навивачка атмосфера!

Организирајте идеална домашна навивачка атмосфера!

Денеска е можеби еден од нашите најважни денови кои ќе останат запишани во поновата спортска историја на Македонија. Тимот на Кајак.мк жали што во моментот не може да ви даде совети за тоа како да отпатувате во Тбилиси, Грузија за да го проследите вечерашниот патпревар помеѓу Македонија и Грузија, но затоа сака да сподели неколку „паметни“ совети за тоа како да навивате од дома.

Во време кога пандемијата и пркоси на нашата реалност, треба да бидеме паметни и да избегнеме поголеми собирања. Но од друга страна не смееме да ги оставиме локалните ресторани и кафеани да висат без работа.

Затоа, организаирајте го вашиот дневен престој и нарачајте храна за дома. Кога станува збор за тоа што да се јаде додека се гледа спортски натпревари не би филозофирале од причина што се работи за #ВКУС. Некој сака пица, некој шопска, некој пак сака скара. Секој со својата приказна за уживање.

Наш предлог е пак да нарачате храна за некој кој не може да си го дозволи тоа или пак да изненадете некој ваш близок со кого овојпат не сте во можност да го проследите натпреварот.

Месецот кој помина пишувавме за доста патувања “од дома“ кои ги организираме заедно со КликниЈади на чија може да најдете храна за дома. Она што е можеби важно да го напоменеме, дека денеска КликниЈади вршат бесплатна достава од 18:00 до 21:00 часот со промо кодот: mknaeufootball

Зошто ви ги препрачуваме КликниЈади и зошто баш денеска?

Затоа што на КликниЈади има над 200 ресторани на кои можете да им дадете поддршка со тоа што ќе ја нарачате храната од нивниот локал.
Затоа што ќе одбегнете групирање, а со тоа ќе им дадете поддршка и соработка на здравствените работници кои во овој момент водат голема битка со пандемијата.
Затоа што доставате денеска е безбедна и бесконтактна. 

Нарачки на: 02 306 0200, а за да ги погледнете сите ресторани клинете ОВДЕ. 


Покрај храната, организирајте се со навивачка музика. Направете #плејлиста од сите познати македонски навивачки песни кои се емитуваат на стадионот во Скопје. 

Облечете ги дресовите и покрај тоа што сте дома! Направете SELFIE и споделете го на вашите социјални мрежи. Со ова „селфи“ вие давате поддршка на ФУДБАЛЕРИТЕ, НА ДОКТОРИТЕ и на УГОСТИТЕЛИТЕ. 



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.