10.02.2021

Можете да престојувате во оваа вила на Пелистер, идеална за снежни денови

Можете да престојувате во оваа вила на Пелистер, идеална за снежни денови

Се најавуваат нови снежни врнежи, затоа и тимот на Кајак.мк е се уште присутен на планинските места. Нашата база од приватни сместувања се надополнува со уште една одлична планинска вила која се наоѓа во Нижеполе. 

Ве разбираме дека многумина од вас посакувате да сте активни на планината и да спортувате и пешачете наоколу, па оттука би ви препорачале да го посетите Нижеполе бидејќи е место кое одговара на сечиј вкус. 

Нашиот тим ве запознава со една прекрасна планинска куќичка на Пелистер која е оддалечена 10 километри од Битола и 2 километри од ски центарот Нижо Поле.

Вилата „Дамаја“ има спални соби со афтентичен планински амбиент. Гостите во вилата имаат простор за складирање на багаж, скара, WI-FI во цел објект, бесплатен паркинг. 


Нижеполе има и свој ски центар кој е идеален за почетници. Така што ова вила би можела да биде вистински избор за луѓето со мали деца кои се заинтересирани да научат да скијат. 

Повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица