04.02.2022

Пандемијата ми даде шанса да научам да изработувам кошници од хартија

Пандемијата ми даде шанса да научам да изработувам кошници од хартија

Уште една хероина која докажува дека хобито може да ви донесе дополнителна заработка и дека ваквото хоби ќе ви го исполно слободното време со креативност и забава.

Кајак ве запознава со Даница Несторовска од Скопје. Жена љубител на пешачењето, планинарењето и хортикултурата, а која нејзините пријатели ја познаваат по нејзината ведрина и насмевка.


Како љубител на археологијата и архитектурата, Даница отсекогаш ја привлекувал процесот на создавање разни предмети. Секогаш била фасцинирана од старите предмети изработени од глина, а кои биле пронајдени на археолошки локалитети, што на некој начин ја поттикнува да отпочне со изработка на предмети на кои ќе може да го стави својот потпис.


Денеска, Даница може да се пофали со рачно изработените плетени корпи и украсни предмети. За предметите вели дека се 100% рачно изработени бидејќи процесот започнува од парче хартија кое се намотува како стапче и со повеќе намотани стапчиња започнува процесот на плетењето. Таа работи со акрилни бои и лакови за да може предметите да се користат за складирање храна.


Бидејќи целта на изработените предмети е да завршат во домаќинствата, користи чиста хартија која ја набавува од разни производители, а при производство користи лепак, аркилни бои и лакови од книжарници.


Вештината ја научила за време на пандемијата, кога сите бевме ограничени со движење, гледајќи видеа на Youtube. Фасцинирана од видеозаписите, решила да започне со изработка на нешто слично. По многу неуспешни обиди и голема упорност и многу потрошена хартија и нервоза, успела да изработи корпи на кои била горда и кои денеска ги користи за лична употреба. Првите изработки добиле доста позитивни коментари од нејзините пријатели, со што интересот за вакви производи почнал да расте, со што денеска нејзиното хоби е пораснат во мал бизнис наречен DBasketry.


Рачната изработка во комбинација со комплексните детали привлекуваат огромно внимание, како и тоа дека се изработени од хартија, а не од дрво како што наликуваат на прв поглед. Даница смета дека и еколошкиот фактор е значајна точка. Нејзините производи може да ги најдете на DBasketry, а и наскоро во новата база за пазар на Кајак.мк

Остави Коментар

Коментари

  • Sonja Gjorgjievska

    04.02.2022 18:16

    Licnost perfekcionista... Takvi i se i rakotvorbite... PREKRASNI... Napred Dano

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.