20.12.2020

Престојувајте во вила Јети: Идеална 365 дена во годината!

Престојувајте во вила Јети: Идеална 365 дена во годината!

Недела е идеален ден за откривање нови атракции во Македонија. Престојната зимска сезона ќе ја поминеме во нашата земја, каде ски центрите ќе функционираат според протоколи за безбедност на здравјето на граѓаните.

За туристите кои не практикуваат скијање, тимот на Кајак.мк ве советува да ја резервирате турата „Пешачење со дрезги на Маврово“

Со оваа активност можете да ја истражувате планината, да уживате во прекрасните сончеви денови со пријателите и да се фотографирате во бесконечниот мавровски бел пејсаж. 

Навистина е лесно да научите. Водичите на Ресторт Маврово ќе ве однесат на лесни и благи патеки за почетните чекори, тие кои имаат желба да прогресираат или пак се искусни во овој спорт, може да им кажат на нашите водичите да продолжат кон подолга и потешка тура.

Ваквиот „спорт“ цел свој живот го практикува и снежниот човек Јети, чие име го носи истоимената вила која ви ја претставуваме денеска. 

За вилата „Јети“ многумина од странските туристи коментираат дека е една од многуте места каде што си поминале феномелално. Одличен ентериер со надворешен рустикален изглед. Вилата е идеална за семејства авантуристи кои се во постојана потрага по автентичното и традиционално сместување. Околината на вилата е зелена, а има и прекрасен поглед кон Мавровско Езеро.

Куќата е лоцирана во Маврово на прекрасна локација на само 20 метри од езерото. Располага со 3 соби со заеднички тоалет, ТВ, кабловска, интернет, кујна, тераса со преубав поглед кон езерото и планината, двор, како и паркинг простор за гостите. 


Повеќе информации и фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден

Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.

Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија

Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.

Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации

Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?

Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?

Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?

Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.