02.12.2020
Од Скопе до Стенче со велосипед!
Од Скопе до Стенче со велосипед!
За оние кои не ги попречува годишното време да се качат на својот велосипед и да поминат добра викенд авантура, им го препорачуваме селото Стенче. Туртата може да ја организирате од Скопје преку Стенче па се до Милетино и назад во Скопје. Вкупно 120 километри и 1350 метри елевација.
Туртата ни ја препорака Јорданчо Цветаноски кој веќе подолго време е еден од нашите активни „вело водичи“ кои ги истражува убавините на Македонија со својот велосипед. Заедно со Коста Шимбов ни испраќаат фотографии, кои може да бидат ваша мотивацја за добра викенд авантура. 
Кога ќе го напуштите Скопје, и од десната страна на регионалниот пат Тетово- Гостивар од густата шума на Сува Гора се наѕира селото Стенче. Ова е симпатично месот полно со цркви и живописна приказна околу себе. Јорданчо вели дека се запознале со локални мештани кои се во поодминати години, но со насмевка ги пречекле и поздравиле.
Огромни дупки на паднати тавани и греди беа остатоци на неколку куќи, додека пак останатите се реновирани и во добра состојба. Дел од стенчевци се занимаваат со сточарството, а дел со земјоделство, вели Јорданчо. 
Пауза за ручек направиле високо над селото, кај црквата Св. Петка, хедонизирајќи на ноемвриското срамежливо сонце.
Она што тој го напоменува е да внимавате на краткиот ден, бидејќи навечер е доста студено, па да го организирате времето за враќање назад. Тие преку Милетино и Стримница се вратиле во Скопје.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.