12.04.2021
Феноменална велосипедска тура под шарпланинските села
Феноменална велосипедска тура под шарпланинските села
Ако треба да одберете ден за мотивација, тогаш дефинитивно нека биде- ПОНЕДЕЛНИК. Денешното сонце кое ни кажа добро утро ни навести уште почеток на добра велосипедска сезона. Се надеваме дека годинава ќе има многу повеќе активни велосипедисти, а можеби и дел од нив ќе се одлучат да појдат на одмор со нивните велосипеди. На пример, дали би отишле на одмор со велосипед во Албанија? Пишете ни ги вашите коменти најдоле под самиот текст.

За многоумина
сезоната на велосипеди ќе започне наскоро, а за другите таа воопшто нема ни завршено.
Коста Шимбов е човекот кој редовно организира велосипедски тури низ
Македонија. Последната тура на релација Скопје - Ломница - Вруток-
Скопје ја реалзираше заедно со
Влатко Спасовски и Коста Шимбов.
Нивното мото останува непроменето: Истражете ја Македонија преку нејзините села, таму е спокојот кој го нарушува какофоничниот град.

Турата им започнува од Скопје. Оттука возат се до селото Ломница. Ова село спаѓа под Општина Врапчиште, а за да стигнете до него, треба да се движите постојано под пазувите на нашата Шара. Големиот успон пред селото не е воопшто лесен, но, тоа го занемарувате, знаејќи дека пред вас ве чека рајски поглед, вели Коста.

Снегот на Шара го прави овој предел свеж, а врвовите Рудока, Бориславец, Мала и Голема Враца над селото, претставуваат тивки горостаси, а мирот го будат силните ветришта и бучните реки кои снажно извираат од Шар планина.

Коста вели дека по едночасовната пауза за ручек, се упатиле кон Вруток, едно од поубавите места во Полог, од каде извира реката Вардар. За нив ова е краток одмор на очите, гледајќи во рибниците и собирање енергија за назад кон Скопје.

Со изминати 170
километри и со 1450 метри
елевација. Прекрасни фотографии и
многу енергија.
Тимот на Кајак.мк
е радосен што има луѓе како Коста кои постојано ги споделуваат
велосипедските тури.
За нас Коста е локален херој кој мотивира. Дали се мотивирате и вие да започнете со активен туризам? Испратете ни ги вашите приказни на [email protected]
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.