31.10.2023

Никогаш нема да го заборавам кожарот и мајстор Марко човекот кој ми помогна да го научам занаетот

Никогаш нема да го заборавам кожарот и мајстор Марко човекот кој ми помогна да го научам занаетот

Шетајќи низ познатата скопска населба „Дебар маало“ наидовме на еден доста уникатен дуќан во кој е стационирана работилницата на Карло Хорват, еден од ретките занаетчии во Македонија кои ѝ останале верни на рачната изработка.

Да создавате дела за кои ви е потребно време, трпение, страст, љубов и енергија, треба да бидете вљубеник во правото занаетчиство.


Таква приказна крои Карло цели 10 години. За тимот на Кајак.мк раскажува дека неговата приказна поврзана со рачната изработка на уникатни производи од кожа започнала сосема спонтано без никакви претензии кон кожарскиот занает.

Денеска, неговите уникатни новчаници, каиши, женки и машки чанти, футроли и гердани ги прават среќни неговите лојани муштерии- луѓето кои го ценат времето одвоено за обработка на кожата.


Карло раскажува дека се започнало со изработка на некои новчаници кои ги правеле со негов близок другар, а кои сепак биле пробни, експериментални и без претензии за нивна продажба. Но по извесно време, Карло одлучил да посети еден мајстор-кожар по име Марко, кој во тоа време имал занаетчиски дуќан во скопската чаршија и да го усоврши занаетот.


Не залудно се вели дека за да се задржи историјата и традицијата на еден народ потребно е занаетот да се пренсува од генерација на генерација. Таква приказна раскажува Карло, кој учејќи го занаетот од Марко успева да отвори своја работилница која денеска го носи називот „Кожарска работилница Хорват“.

Во неговата работилница можете да затекнете разни производи на кои Карло Хорват им се восхитува подеднакво. Омилени му се сите производи и додава дека за сите одвојува исто внимание, а истакнува дека од покомплицирните производи како на пример големите машки ташни крајното задоволство е поголемо.


Интересен факт е тоа што Карло се сеќава на поголемиот дел од производите кои ги има создадено и продадено, вели дека дури 90 отсто од производите кои ги има изработено може да се сети на нив доколку ги забележи низ градските улици.


Денеска, приказната на Карло Хорват гордо примамува туристи да го посетуваат неговиот дуќан, а причината е повеќе од јасна, тој никогаш не користи машини за шиење, се што се изработува во дуќанот се изработува рачно. Неговата продавница можете да ја пронајдете на социјалните мрежи како: „Кожарска работилница Хорват“.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.