22.10.2020

Скриената зелена вила на Пелистер која е оценета со 9.9

Скриената зелена вила на Пелистер која е оценета со 9.9

Продолжуваме да скитаме низ Пелистер или Планина Баба. Како што и ви ветивме пред некој ден, ова недела ни е посветена за сместувачки капацитети на ова планина.

За денеска сакаме да ви откриеме нешто подзаскрено, добро, убаво, фино стокмено со одличен дрвен ентериер и зелен двро. Вилата е феноменална за фамилијарен одмор, односно да го соберете вашето семејство и да заминете на планина, како би имале повеќе време да се “запознаете“ меѓусебе.

Ова вила се наоѓа во село Трново на преубаво место во падините на Националниот Парк Пелистер во чиста и здрава еколошка средина.

Вилата располага со прекрасен голем двор со многу зеленило и простор за скара. Објектот содржи дневна просторија со камин, ТВ со кабловска и бесплатен интернет, комплетно опремена кујна со машина за садови и 4 спални соби сите со посебен тоалет и обезбеден паркинг за гостите.

Покрај сместувањето, нашиот тим, секогаш ви дава совети за тоа како да го искористите слободното време на планината:

Изнајмете велосипед во Битола. Компанијата „Фикамаго“ Ви овозможува изнајмување на најразлични видови на велосипеди во зависност од Вашите потреби. Ние ви препорачуваме доколку имате ваши да ги понесете, бидејќи во националниот парк има доста рекреативни патеки по кои можете да возете, а доколку немате ваш велосипед може да изнајмите или пак да го поминете слободното време на пешачење. 

Вилата Серж е со оценка од 9.9 на Booking и има капацитет до 8 лица со 8 легла и 4 спални соби.
Вилата може да ја резервирате на: 070 207 007


Дали ве интересира повеќе:

Вилата со најромантичен поглед кон Беровско Езеро


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.