08.07.2020
Трајче развива едукативни тури со неговиот пустински јастреб „Хари“
Трајче развива едукативни тури со неговиот пустински јастреб „Хари“
ОВА ЕДУКАТИВНА ТУРА „ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ХАРИ“ МОЖЕТЕ ДА ЈА РЕЗЕРВИРАТЕ ИЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ
1.Трајче
ти имаш едно доста специфично хоби кое реално малкумина би се нафатиле да го
практикуваат. Од кога постои желбата за одгледување на ваква птица?
Така е специфично, необично и несекојдневно но јас не би се сложил со она "хоби". Хоби би рекол дека е нешто што го правиме само кога имаме слободно време. Знаете токму затоа и нашиот народ кога вели "хоби" мисли на слободно време, а соколарството не те прашува дали имаш слободно време или немаш, напротив тука мораш да и се дадеш во целина на птицата и кога имаш и кога немаш слободно време...ќе си најдеш. Во право сте, токму и податокот кој говори дека во нашата држава за сега сме 10 -тина соколари ја потврдува вашата теза дека малкумина на жалост би се нафатиле да го практикуваат соколарството. Самото тоа кажува колку е овој спорт тежок и егзискува пред се време, средства, љубов...посветеност. Желбата се јави уште од детството, само тогаш поаѓајќи од поривот да поседувам нешто необично потоа како копнеж тлеѐше во менѐ за да се развие и прерасне во пасија. За да сега сум еден пасиониран признат соколар како кај нас така и во Екс ЈУ државите. На еден таков меѓународен соколарски собир што ќе се одржи во Србија (Нови Сад) поканет сум и ќе присуствувам со господ напред ако сум здрав и жив претставувајќи ја оваа година нашата држава Македонија.
2.
Сакаме да знаеме нешто повеќе за птицата. Како се храни? Како живее? Што е
специфично за неа?
Оваа птица што така да се изразам ми е партнер во ловот е американски пустински јастреб Харисон или латински Parabuteo Unicinctus од родот Парабутео. Американецот Џон Џејмс во чест на својот долгогодишен орнитолошки пријател и финансиски подржувач Едвард Харис оваа птица ја нарекол Харисон. Интересно за нејзе кое вреди да се напомене е што ова е единствената птица грабливка која лови во групи фамилијарно додека пак сита останати ловат засебно. Грабливките се асоцијални животни но и тоа го побива овој вид на јастреб. Специфично за нејзе е што се врзува за соколарот градејќи една нераскинлива поврзаност. Не е премногу тешка за работа, брзо учи и слуша команди притоа помнејќи го тоа што ќе го научи цел живот. Се храни како и сите грабливки со месо...сирово. Она што лови во природата (фазан, зајак, глувци, стаорци, еребица, препелица, гулаби, глодари...) благодарение на кое опстанува треба и вие да и обезбедите за да птицата биде секогаш во топ форма, здрава. Неможете “проблемот” да го решите на едноставен начин пазарејќи во најблиската месара ххаххаа. Гнездата ги прават на кактуси горе и во една фамилија хиерархиски се подредени функциите на послушност АЛФА-БЕТА-ГАМА. Алфа се крупните женки кои сите останати од групата ги слушаат, Бета се крупните мажјаци и поситните женки кои се потчинети на АЛФА женките и Гама се малите кои ги учат на лов. Дивите Хариси во пустина вертикално се дигаат и до 5 единки на број една врз друга се со цел да и се даде подобар видик на најгорната полесно да увиде каде е пленот....штом тргнува во акција веднаш добива подршка од останатите. Секако и дека штом го уловат пленот храната ја делат според ова хиерархија.
3.
Како ја прифати неа во твојот живот?
Уф да, па планирано.... мене не ми е прва грабливка која сум ја имал во животот. Со соколарство се бавам 7 години, една година поминав во менторство, уште една на доучување некои работи а по ревно активно и занесно би рекол 5 години. И ние како докторите секогаш учиме нови работи и токму затоа никогаш неможам да кажам дека се знам. Можам слободно да кажам со голема радост птицата ја набавив од Република Хрватска уште при фаза кога беше БРАНШАР (пиле кое е пред летање и скока од гранка на гранка) и со голема љубов и посветеност ја издресирав и доведов до овој денешен стадиум, да е самостоен и да лови самостојно...да размислува како јастреб роден во природа а не во одгледувачница.
4.
Дали се согласувате еден со друг?
Да, меѓу нас има безрезервна доверба. Честопати на нашата фејсбук страница “Забава со Хари” која главната цел и е од едукативен карактер, да ги запознаеме нашите фанови кои за воља на вистината секојдневно ни приоѓаат од сите страни на светот, објавуваме секакви видеа од Хари дали биле ловни или разноразни тренинзи како и секакви информации за останатите птици грабливки фановите знаат да не запрашаат како е можно еден јастреб да ме слуша повеќе од нивните кучиња. Но кога ќе ги поставите работите од гледна точка на партнерство тоа секако дека е многу возможно. Јастребот знае да осети и да ја награди вашата посветеност и вложување во него. Од таму кога сме во планина на пример често пати се случува да не смеам дури ни гласовна команда да му дадам за да дојде, само знаковно раката ќе ја кренам и он веќе е на дрво над мојата глава целиот претворен во очи и уши и чека “акција”.
5.
Кажете ни некоја интересна случка од минатото?
Интересни случки има навистина многу ххахаха, знаејќи дека ниеден соколарски ден не ми се повторил до сега но вредат за вашите читатели и моите фанови да издвоиме некои од нив. На едно поле широко јас, соколарскиот стап 4м на кој ми е најгоре Хари движиме многу инкогнито и бесшумно да не би ја пропуштиле можната “акција”, од еднаш Хари во ЈАРАК позиција (тоа е претпознатлива позиција на јастреб пред да нападне) од таму и приметив дека нешто пикира. Се пушти во брка со една сива врана инаку тие птици се познати по својата голема сложност и пожртвуваност. Хари брка сива врана и е сосема зад опашка а позади него друга сива врана го брка него спасувајќи ја другата сива врана да не биде фатена од Хари. Тоа беше една интересна слика која ми е сеуште во глава, штета што се одвиваше толку брзо па не бев спремен да го овековечам моментот. Исто така еден ден сосема пред да излезам од мојот дом наеднаш почна пороен дожд и ми помати план за соколарење но по кратко време преврна и јас среќен спремен одам во соколарник да го земам Хари и забележувам како он немал план за летање хахахах, него му било до бањање и намерно стоел на дождот (има такви периоди) ... кога го видов целиот мокар сфатив дека следен пат треба него да го прашам за летање а не сам да одлучувам ххахаах .
6.
Дали си приврзан за неа и дали е таа за тебе?
Јас неможам денот да си го замислам без мојот
Хари, независно дали одиме да летаме, да работиме разни тренинзи за
кондиција...брзина, сила, лов...или едноставно гледаме филм. Ова последното е
посебно препорачливо за првата фаза на тренинг за социјализација. Само што ќе
ја отворам вратата од соколарникот тој веднаш доаѓа кај мене, знаете тоа му
доаѓа како уморен маж кој си доаѓа дома од работа а женаму го чека со рацете раширени
хаххаха. Без да звучи нереално и претенциозно јас изградив со Хари една
нераскинлива врска, тоа може да го почувствува само соколарот и неговата птица.
Јас знам дека уживам потполна доверба кај јастребот, сум го увидел тоа во
неколку наврати. Во соколарството постои една вистина која вели птицата ја
врзува за соколарот само месото но повторно ќе кажам од птица до птица има
разлика во однос на конекцијата јастреб – соколар.
7.
Кои се твоите следни планови?
Планови има многу, како велат секогаш треба да се планира е сега не се се остварува но наше е да веруваме во своите замисли и идеи и да работиме на нивно остварување доколку би сакале еден ден да се остварат. Подготвуваме повеќе проекти од кои еве можам да издвојам некои. Во секое основно и средно училиште да ги запознаеме најмладите со птица грабливка и да ги научиме голубарите дека грабливките не ни се никаква опасност туку само можат да ни бидат полезни. Знаеме дека голубарите и земјоделците се најголема опасност за грабливките и во фаза сме на изработување на проект кон овој таргет на луѓе се со цел за зголемување на свеста кај истите. На пример би додал ниеден сокол неможе да фати голуб (како што тоа го мислат голубарите) доколку народски кажано не е “народски шкарт” ...доколку природата не го предодредила за да биде плен по разни основи. Самата природа ги ништи оние единки кои се на било кој начин заразени...болни, само тие се плен за птицата грабливка а не обратно како што владее општо мислење “ми го зема најубавиот голуб”. Можеби најубавиот но не и здравиот...Проект кој ќе се оствари наскоро е “Соколарски тури низ Републиката”. Досега овие едукативни прошетки ги обавувавме исклучиво во Скопје, од сега тоа ќе биде и во останатите градови секако во соработка со вас, вие сте ни едни од главните партнери.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки
Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.
Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот
Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа.
Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија
Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.
Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции
Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неурно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.
Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој
Ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.
Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер
Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.