13.03.2020

НЕПАЛ ГО ЗАТВОРИ МОНТ ЕВЕРЕСТ ЗА ПЛАНИНАРИ

НЕПАЛ ГО ЗАТВОРИ МОНТ ЕВЕРЕСТ ЗА ПЛАНИНАРИ

Непал ги затвори сите хималајски врвови, вклучувајќи го и Монт Еверест, од страв од ширењето на коронавирусот. Тамошната влада соопшти дека ќе ги поништи сите дозволи за искачување за периодот од 14 март до 30 април. Претходно, и Кина ги забрани искачувањата на највисокиот врв на светот од нејзина стран, пишува Сакам да кажам

Непал заработува 4,4 милиони долари годишно од издавањето дозволи за искачување на Монт Еверест.

„Одлучивме да ги стопираме сите туристички визи до 30 април и се откажуваат сите издадени дозволи за искачување за оваа сезона“, изјави портпаролот на непалската влада.

Секој што сака да се качува на Монт Еверест мора да плати 11.000 долари, но се размислува за зголемување на цената.

Во Непал досега има само еден случај на коронавирус, и тоа кинески студент.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.