20.03.2024

Апартман во Берово достапен за секого

Апартман во Берово достапен за секого

Пролета ни започна од денеска, затоа дали сте подготвени да го искусите волшебството на Берово, место каде природата говори низ мирисите на борова шума, утрата ни се со чист воздух и мир кој дефинитвно му е потребен на секој од нас.

Денеска исто така сме среќни што ќе ве запознаеме со уште еден апартман којшто се наоѓа во градот Берово, на 100 метри од плоштадот.

Апартманот можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ.


Фото од природа: Kristijan Arosv/Unsplash

Апартманот располага со три соби, вклучително две спални и дневна соба, идеален за семејства или групи до 5 луѓе. Со брачен кревет во главната спална соба, кревет на извлекување за двајца во помалата спална соба, и аголна гарнитура која се претвора во кревет во дневниот престој, просторот е оптимизиран за комфор и функционалност.

Кујната е целосно опремена, гарантирајќи дека сите вашите потреби за кулинарство се задоволени, дозволувајќи ви да приготвите оброк како дома. И за оние кои треба да останат поврзани и да работат за време на нивното патување, апартманот има Wi-Fi со брзина од 60 мбс што ви обезбедува работни услови.


Фото: Antonio Janevski/Unsplash

За оние кои уживаат во излетите и прошетките, апартманот е идеално поставен во близина на главниот парк и различни ресторани, вклучувајќи го и познатиот ресторан Мрс. Берово е познато по својата гостопримливост и топлата атмосфера која ги прави сите посетители да се чувствуваат како дома. Затоа секој од вас, барем еднаш треба да појде и да ужива во Берово.

За да го резервирате овој апартман кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.