17.04.2021
Првиот лет ми беше на 18 години, а оттогаш ми се променија видиците кон нештата
Првиот лет ми беше на 18 години, а оттогаш ми се променија видиците кон нештата
За викенд
најчесто преферираме да пишуваме кратки флеш приказни за луѓе кои според нас
знаат како да живеат. Да не бидеме погрешно сфатени! Секој живее на свој начин,
но Александар Гацевски е еден од ретката група на луѓе кои својот живот кои се
одлучуваат да внесат многу адреналин во својот живот.
Александар вели
дека од денот кога за првпат започнал да лета, работите се промениле. Првиот
лет му бил на само 18 години. Денеска неговиот најголем предизвик е да лета на
терени кои претходно ги нема посетено.
Според него Македонија
е идеална за практикување и развој на овој спорт. Многу сонце, умерени ветрови,
солидна патна инфраструктура и секако прекрасни пејсажи. 
Клубот во кој
членува 2Glide организира
летање со тандем параглајдери од април до септември. Може да се пријави секој
заинтересиран поединец или група луѓе кои сакаат да ја запознаат Македонија од
височина. Александар вели дека прекрасни денови за летање се деновите кога
сакате да го направите тоа. Секое годишно време си има свои предноси и
недостатоци. Но, најмногу препорачува да се лета со параглајдер од пролет до
есен кога денот е долг, а кумулусите се често високи.
Летовите кои ги
организираат се најчесто на локации кои имаат најпогодни временски услови, но и
локации по желба на туристот, доколку временските услови го дозволуваат тоа.
Александар лета
сам и во друштво. Ако е на натпреварување лета во друштво со многу други
пилоти, што за него е доста инспиративно. Вели дека прелетувањата кои ги
изведуваат со друштвото се доста интересни и возбудливи.
Во својата
летачка карирера поминал низ многу интересни ситуации. Вели дека организирале
роденденски поклони, а организирале и запросување во облаците. Додава дека над многу села низ
Македонија, децата го гледале како да не им е јасно за што станува збор, а по
слетувањето комуницирале со него од далечина. 
За Алесксандар ова е хоби, но ако се земат предвид напреварувањата на кои
има учествувано, може да се каже дека му е и делумна професија.
Има учествувано на многу натпревари во Македонија, како и на европски
првенства и светски купови. Тој вели дека има желба да го продолжи овој тренд и
во наредните години.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.