24.01.2023
Изградив куќа на дрво во која можете да уживате
Изградив куќа на дрво во која можете да уживате
Барајќи локални жители кои прават мали нешто од огромно значење за развојот на локалниот туризам, караванот на Кајак.мк застана во село Спиково каде го запознавме нашиот нов локален херој Марјан, за кој велиме дека е вистинскиот вљубеник во планините на Малешевискиот регион и правиот човек кој мора да го запознаете и да ве прошета низ природата која ја поседува Пехчево.

Со Марјан имаме голем предизвик во новата 2023-та година, а се надеваме дека преку нашата соработка ќе им помогнеме на многумина да се запознаат со убавините кои ги нуди Влаина планина.
Маријан е активен
планинар, мотиватор и човек кој живее за Македонија. За нас тој е и инспирација
со неговото ремек дело: Прекрасна дрвена еко куќичка во селото
Спиково, за која вели дека е скривалиште кое му овозможува одмор и му ги полни
батериите.
Кајак.мк е платформа која има цел да ви овозможи престој во сите уникатни скривалишта во Македонија, затоа не би останале доследни на идеологијата, доколку не ја додадеме дрвената куќарка и летниковецот на дрво во базата на Кајак.мк. Од денеска имате уште една уникатна дестинација која мора да ја посетите во пролетните и летни денови, а во контакт со домаќинот Марјан можете да стапите со еден клик ОВДЕ.

Марјан е одличен организатор на прошетки низ Малешевијата, регионот на Пехчево и Влаина планина. Тој е активен планинар, а по професија е дипломиран шумски инженер. За природата можете да научите многу од него, бидејќи заедно со неговото семејство честопати планинарат низ богатите македонски шумски предели од каде црпи информации за животинскиот и растителен свет.

Марјан вели
дека планината е таа која го поттикнала да изгради дрвена куќарка и видиковец
на дрво кој е на висина од 10 метри. За летниковецот вели дека многумина биле
во неверување дека ќе успее да изгради летниковец со 360 степени поглед за кој
вели дека Малешевијата е прекрасна ако се посматра од летниковецот.
За оние коишто се заинтересирани за престој во дрвената куќичка, Марјан вели дека престојот не се наплаќа, но затоа должност на секој гости е да ја негува и чува природата, да биде гласен против фрлањето отпадоци во природа.

Куќичката се
наоѓа на само 5 километри од градот Пехчево, поточно во село Спиково. До самото
село нема асфалтиран пат, но затоа ова е добар мотив да организирате активна
пешачка тура од градот до самото село, а за повеќе информации консултирајте се
со Марјан.
Куќата е уредена во македонски етно концепт, кој зрачи традиција и историја на македонскиот народ. Сконцентрирана е на приватен имот каде Марјан има голем овоштарник со сливи. За имотот и куќичката, Марјан вели дека нема да престане да инвестира.

Денеска, Спиково
е село кое нема постојани жители, но честопати може да се сретнат локалци кои
како Марјан ги користат слободните денови за уживање во природа. Тој е дел од
планинарското друштво Кадиица, а искуството на Маријан ќе го преточиме во
нашите друштвени патувања кои ќе ги организираме во текот на годината која ни
престои.
Доколку и
вашата екипа или компанија е заинтересирана за еднодневна прошетка со Марјан,
можете слободно да стапите во контакт со него, со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија