22.02.2023
Предлог викенд дестинација: Станечки водопад
Предлог викенд дестинација: Станечки водопад
Со доаѓањето на
пролетта, тимот на Кајак.мк чувствува обврска да ве запознае со повеќе
дестинации во Македонија, кои може да ви го исполнат слободното време со
активности во природа.
Честопати ќе го прочитате изразот „Активен туризам“ со кој Кајак.мк се служи се со цел да ви даде до знаење дека здравиот начин на живеење и позитивната енергија се во коренот на активниот туризам за кој Македонија има огромен потенцијал.

Македонија е
планинска земја, има прекрасни дестинации кои се резултат на природата и
опкружувањето, а исто така има и вкусна традиционална храна. Активните
дестинации и здравата храна се совршена комбинација за оние кои сакаат здрав
начи на живеење. Затоа во периодот кој ни престои ќе споделиме доста совети за
тоа како да го искористите слободното време со активности во природа и како по
активностите да се наградите себеси со добар ручек во локален ресторан или домаќинство.
Денешната предлог дестинација е во регионот на Крива Паланка каде ни се наоѓа Станечкиот водопад.

Водопадот е одлична причина која треба да ве поттикне да го искористите слободниот викенд со активности во природа. Се наоѓа на Козја Река во близина на селото Станци на 8 километри од Крива Паланка. До самото село Станци има асфалтен пат кој е долг 5 километри, а потоа се продолжува по патека која води покрај Козја Река и по 3 километри или 30 минити пешачење низ прекрасна природа се пристигнува до големиот Станечки водопад кој е на надморска височина од 1160 метри и има вода во текот на цела година.

Водопадот е висок
11 метри што е најголем водопад на Осовоските планини. Водопадот истекува во
голем природен базен кој се создава од постојаното течение. Теренот до водопадот
е релативно достапен и опколен со густа букова шума.
Посетата на Станечкиот
водопад можете да ја искомбинирате со посета на рестораните кои се наоѓаат на Калин
Камен, а кои можете да ги погледнете и резервирате преку базата на Кајак.мк или
со еден клик ОВДЕ.
Не ја пропуштајте
можноста да уживате во природата. Ова е идеална комбинација за цело ваше
семејство, пријатели или колегијално патување. Доколку сте поголема група, тимот
на Кајак.мк ви е на располагање да ви организира еднодневна тура до водопадите
со ручек на Калин Камен. Барање за групна организација можете да ни испратите
со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Posetitel VoStanci
27.02.2023 22:14
Samo da dodadam deka nema jasno oznaceni patokazi do vodopadite i mozno e da zalutate kako mene so uste trojca prijateli pred nekolku godini koga probavme da odime pokraj rekata nagore i stignavme do kjor-sokak.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.