24.04.2023

Прекрасна вила во срцето на стариот град на Охрид

Прекрасна вила во срцето на стариот град на Охрид

Иделано сместување за цела група, тим-билдинг патување, патување во парови и сместување за поединци кои се вљубеници во прекрасниот поглед кон езерската пространост.

Денеска ја збогатуваме базата на приватни сместувања на Кајак.мк со уште една доста уникатна вила која се наоѓа во стариот град на Охрид. Оваа уникатна градба ја чува во себе автентичноста на стариот Охрид и начинот на кој живееле мештаните низ времето.


Уникатното дворче, ентериерот и блискоста на околните знаменитости ќе ви овозможат едно поинакво искуство за време на престојот на оваа вила. Околните плажи и пристаништето се наоѓаат на само 50 метри, а оваа вила нуди и свој приватен паркинг за 5 возила. Домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велаат дека дворчето кое го нуди вилата е единствено вакво уникатно дворче во стариот град.

Вилата Малезан располага со 8 апартмани или вкупно 26 кревети. Ваквото сместување е идеално за поголеми друштва или комапнии кои сакаат да уживаат во Охрид.

Тимот на Кајак.мк ви го препорачува оваа сместување за компании кои често се домаќини на гости надвор од Македонија и кои сакаат да го уживаат Охрид на уникатен начин, бидејќи како што споменавме вилата има прекрасна тераса која нуди прекрасен поглед кон Охридско езеро.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.