23.03.2023
Ја изработивме првата интерактивна боенка за млади и возразни за Македонија
Ја изработивме првата интерактивна боенка за млади и возразни за Македонија
Тимот на Кајак.мк е среќен што стапи во контакт со Надица,
девојката која е дел од тимот Colored Memories кои стојат позади првата интерактивна и едукативна боенка за млади и
возрасни за Македонија, која според нас е совршен подарок кој можете да му го
подарите секому.
Боенката можете да ја нарачате со еден клик ОВДЕ.

Станува збор за
боенка насловена како „Colored Memories“ или „Обоени Спомени“ во која се опфатени сите убавини на Македонија,
раскажани и прикажани на уникатен начин низ 140 страници и 56 илустрации.
Боенката претставува своевиден туристички водич кој ве води низ градовите и знаменитостите и за секоја илустрација што ќе ја обоите таа ќе ве едуцира преку кратките текстови на македонски и англиски јазик.

Овој приказ на Македонија е лесно читлив и интерактивен. Одлично е да се има како мини енциклопедија во вашиот дом која
претставува можност за сите туристи на забавен начин да се запознаат со
природните и културните знаменитости на нашата држава, а воедно и да уживаат во
оваа патување.
Боенката можете
да ја нарачате со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!