07.10.2020

Ова не е Норвешка: Ова е Горна Бабина Дупка

Ова не е Норвешка: Ова е Горна Бабина Дупка

Еко концептот на Кајак.мк ве запознава со една од најатрактивните места за фотографирање со дрон. Горна Бабина Дупка. Како што пишува Гапо (@shobaramtuka) неверојатно е чуството да се движите по работ на вакви васивни гребени искачувајќи се кон Солунска Глава и во исто време борејќи се со силен ветер на кого можеш да се навалиш и во спротивен правец и да те држи исправен. Под гребените, наместо море се протегаат бескрајни планини и шуми во маглите. А ако сакате да добиете слика за колкава големина е овој гребен, доволно е да погледнете на фотографијата во црните дамки кои се планинари. ⁣

(@shobaramtuka)

Масивот Мокра е познат по своето изобилие со води и речна мрежа. По падините на планините кои влегуваат во овој планински систем течат повеќе реки (Бауна, Тополка, Кадина Река, Маркова Река)- сите притоки на Вардар во егејското сливно подрачје. Масивот е богат и со шуми, претежно листопадни во средните и пониските делови и зимзелени во повисоките делови. Во повисоките делови Мокра Планина е богата со пасишта.

(Photo:DRAGAN STOJKOVSKI)

Од запад скриена под пазувите на Горно и Долно Ќуле, а на исток со раскошен поглед кој се отвора кон морето од планински и ридски брановидни форми кои ги создаваат високите делови на централна и источна Македонија, Бабината дупка е уникатна по многу нешта. Пред сè по неверојатниот мир и спокој кој го нуди местото.

(photo: @programlabilna)Над него веќе се издигнува карпест предел, со ниска форма на растителен свет и каменест терен. До болка зелен (како што авторот љуби да каже) тревниот тепих на Долна Бабина е прошаран со разновидни цветни горделивци кои прават виножитни шари ливадниот простор опкружен со шума.

Совет од тимот на Кајак.мк е да не планинарете сами. Секогаш има достапни лиценцирани планинарски водичи и здруженија кои може да ви го организираат вашето патување. Планината не секој ја владее. Воедно почитувајќи го нашиот еко концепт задолжително понесете со вас хартиени вреќи за вашите отпадоци кои ќе ги вратите во соодветните канти за ѓубре. 


ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

Куќа како од македонските народни приказни достапна за изнајмување во Мариово


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.