18.09.2020
AirBnb: Пандемијата ќе не присили повеќе да го видиме светот, а не помалку
AirBnb: Пандемијата ќе не присили повеќе да го видиме светот, а не помалку
Во првиот месец од пандемијата, Airbnb се соочи со загуба од 1 милијарда долари поради откажаните резервации, по што главниот директор на AirBnb изјави: „Патувањата како што ги знаевме до сега се минато“.
Патувањата со авион како што се сега, се претпоставуваше уште на самиот старт на пандемијата дека ќе треба да ги подготват патниците на нови безбедносни мерки и поголема претпазливост при патување. По неколку месеци од пандемијата, суштинскиот начин на сите патувања се промени. Но доколку разгледаме што се случи, може да се каже дека му се отстапи повеќе простор на разноликото патување, новиот начин на тоа како се одвиваат работите во туризмот, со што може да се каже дека се разви нов начин на патување, а не дека ќе умре патувањето во целост.

ВИЛАТА PARADISE NEST ЗА КОЈА КАКАЈ.МК ПИШУВАШЕ ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА. ПОВЕЌЕ ЗА НЕА ОВДЕ.
„Некои работи ќе се вратат по старо, а некои и нема“, вели Чески за блумберг.ком, предвидувајќи како може да изгледат новите патувања од светлата стрна на „Ковид-19“.
Она што тој го предвидува во наредниот период е намален интензитет на прекуграничните патувања, службените патувања кои се во моментот со доста намлен интензитет.
Чески, исто така, забележува пораст на нови и поразлични дестинации за посета, вклучувајќи локалниот туризам.
„Порано огромното мнозинство од луѓето патуваа само во неколку градови - знаете, големи, иконски, меѓународни метрополи“, вели Чески, мислејќи на такви туристички центри заситени со селфи-стапови како Амстердам, Њујорк и Венеција во Италија.

Куќичката на дрво која е дел од понудите на AirBnb во Куманово
Добро документираните преполни туристички градови, како што вели тој, сега ги немаат прекуграничните туристи. Покрај тоа, сега патниците повеќе сакаат она што досега не беше „ИН“. Луѓето сакаат повеќе природа и простор за дишење.
„Генијалноста е надвор од шишето“, вели директорот на AirBnb. „Луѓето сега откриваат мали градови, мали заедници“. Откриваат национални паркови, се заљубуваат во дивината, отворената природа и сфаќаат дека може да одат на многу поразлични места.
Целосно интервју на: https://www.bloomberg.com
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!