27.03.2020

Венеција го одложува воведувањето на таксата за влез на туристите до 2021 година

Венеција го одложува воведувањето на таксата за влез на туристите до 2021 година

Улиците и плоштадите во Венеција се напуштени поради појава на коронавирус, а ваквата моментална ситуација е и причината за голема загриженост на градската администрација. Може да се каже дека и штотуку тие одлучија да се воведе такса за влез во градот. 


The current lockdown in place in Italy has emptied the street of Venice, as well as those of all other major cities in the country © mauritius images GmbH / Alamy Stock Photos

Минатата есен, венецијанските власти објавија воведување на таканаречен „влезен билет“ за сите туристи кои сакаат да го посетат овој бисер на Јадранското Море, со цени од 3 € во вонсезона до 10 € во сезоната.

Меѓутоа, бидејќи градот минува низ најлошата туристичка криза во последните шеесет години, градоначалникот на Венеција одлучи да го одложи воведувањето на такса до 1-ви јули 2021 година. 

Градоначалникот Луиџи Бруњаро рече дека спроведувањето на влезната такса во моментов ќе биде „лош пример“. Сепак, тој исто така додаде дека администрацијата сè уште има намера да донесе „поинаков туризам во Венеција“ и да му помогне на градот за проблемите со пренатрупаноста.

The entry fee scheme will be in place from July 2021, one year after its scheduled start date © Evgenii Iaroshevskii / Shutterstock
Бруњаро и неговите членови на советот проценија дека ќе помине една година додека се осетат економските загуби од настанатата ситуација, но тие се уверени дека туризмот ќе живне повторно, затоа што „Венеција е Венеција“.

Може да ве интересира: 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.