07.11.2020
Организирам бесплатна дегустација на еколошки вина
Организирам бесплатна дегустација на еколошки вина
Тимот на Кајак.мк ве запознава со Блаже Миневски. Сопственик на бутик винаријата Бади која е сместена во Кавадарци. Нам ни претставува особено задоволство да ве запознаеме со ова винарија од причини што произведува вино од грозје кое е се одгледува без употреба на пестициди, инсектициди и вештачки ѓубрива. Со еден збор еколошко.
Виното и другите производи се природни и еколошки, истотака и вегански- без употреба на средства од животинско потекло.
Во винаријата, може да дегустурате црвено, розе и бело вино кои покрај дегустацијата, може да набавите и за носење. Исто така, ракијата и вињакот, маџунот се дел од нивната понуда.
За да биде уште поавантуристичка посетата на винаријата, Блаже вели дека може да се организираат разни тури во регионот.
Од класична дегустација, премиум дегустација, дегустација со пикник во лозјето, дегустација со пикник на органска фарма и пчеларник, дегустација со крстарење по Тиквешко Езеро, дегустација со прошетка во природа која може да биде доста интересна. 
Винаријата располага со сала за дегустација со капацитет од 20 гости (по Ковид протокол до 10 гости), Ви нудиме пакети за дегустација и впарувања со храна и вино со сомелиер, пикник дегустации на лозовите насади и комбинирани настани во природа.
Телефон за контакт 077 832 746
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.