12.07.2021
Галичица ми го промени начинот на живеење и тоа што сум јас денес
Галичица ми го промени начинот на живеење и тоа што сум јас денес
Мишко Танески е нашиот нов локален херој кој прави мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија. Среќни сме што денеска ќе ја раскажеме неговата скромна патувачка приказна, а која е исполнета со многу доживувања, спомени и искуства, за кои како што вели тој, може да ги стекне секој што ќе се одлучи за активен туризам.

Мишко вели дека со планинарењето започнал пред цели 15
години. По долгото убедување од негов близок колега, тој се одлучил да ја
искачи планината Галичица, која воедно му е неговата прва искачена планина во
животот.
Се сеќава на првиот ден кога заминале рано наутро и по кратко време си рекол во себе дека до крајот на животот ќе се дружи со планините. Импресиите кои ги добил од првото искачување биле големи, а тоа го поттикнало да појде на планина уште наредниот викенд.

Планината прави голема промена кај луѓето, вели Мишко. Тој
додава дека кога работите ќе почнат да се гледаат “од високо“, тогаш се променува
и начинот на живеење кај секој поединец.
Она што го прави среќен е фактот дека запознал многу нови пријатели. Мишко вели дека на планина не може да се сретнат лоши луѓе. За него вистинските планинари се добри луѓе, комуникативни и спремни да помогнат во секоја ситуација, а тоа дава до знаење дека во нив може потполно да се верува.

Како почетник во планинарењето, добива поддршка од неговата фамилија. Денеска, гордо вели дека на сите експедиции низ светот на кои се задржувал и по еден месец, фамилијарната поддршка била секогаш присутна.

За Мишко активниот туризам е нешто најдобро што може да му се случи на секого. Среќен е што во последно време има се поголем бројот на љубители на овој вид туризам. Како доста искусен во ова дејност им нуди на гостите доста активности како кајакарење, сурфање, водење на планинарски тури, пливање, триатлон и велосипедизам. Туристи вели дека има и од Македонија и од странство и додава дека Македонија е на најдобар пат да стане главна дестинација на активниот туризам.

Овој заклучок го носи со образложение дека многу активности веќе започнале да бидат мета на странските туристи. Параглајдинг,
јавање, кајакарење, велосипедизам,
планинарење, а во
последно време и рафтингот кој е доста баран.
Кризата со короната си го направи своето но убеден сум дека за кратко време Македонија ќе биде повторно топ дестинација, вели Мишко и додава дека од друга страна Македонија не е доволно истражена како земја.

Тој ги има посетено скоро сите планински предели во светот. Почнувајќи од Алпи, Хималаи, Анди, Памир, Тиан Шан, Кавкас, Килиманџаро и не би можел да каже која од овие планини е подобра од друга, но ако може да избере би ги избрал Хималаите.

Балканските и македонските планини ги има искачено и по
неколку пати. Доколку треба да фаворизира, би ја истакнал Галичица, бидејќи
како што вели таа е планината каде за првпат искусува планинарење и планината
која му го променува животот.
Коментари
-
Igor Aleksovski
15.07.2021 07:51
Miško e odličen primer za mladite generacii. Se znaeme odamna i kako mal nemaše vakvi afiniteti. No, očitno koga čovek ima dovolno volja, želba i ljubov da postigne nešto, ni godinite ni ništo drugo ne e prečka. Miško, prijatele drag, samo taka napred... drži go smerot na sebepromocija kako i promocija na Makedonskiot aktiven turizam. Se najubavo, Igor (od Ljubljana)
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?