23.11.2021
Бајковитото Михајлово на Кожуф е достапно за резервации
Бајковитото Михајлово на Кожуф е достапно за резервации
Возрасните
генерации сигурно добро го знаат, а има и такви кои го имаат посетено детското
одморалиште „Михајлово“ кое се наоѓа во пазувите на преубавата Кожуф планина.
Тимот на Кајак.мк е среќен што ова сместување од денеска е достапно во базата на Кајак.мк и каде со само еден клик ќе може да разговарате со домаќинот Љупче и да резервирате престојување.

Михајлово не е само детско одмаралиште, објектот има и
хотелски капацитет кој е отворен за сите патници и авантуристи вљубеници во планинскиот
туризам.
За нашите редовни патувачи кои за првпат се среќаваат со „Михајлово“, би сакале да ги споделиме следните информации.

Ова местенце е лоцирано на 40 километри од
Кавадарци со комплетно реконструиран пат, на надморска височина од
1200 метри и опколено со стара борова шума.
Домаќинот Љупче вели дека објектот нуди прекрасни хотелски адаптирани соби и вкусни оброци подготвени на традиционален начин. Во склоп на објектот се наоѓа стандардизиран ресторан, спортски терени, пешачки стази, а има и услови за планински велосипедизам.

Собите за престој
се доста скромни, не се истакнува луксузноста, но најважно е што цените се
пристапни и скоро секој може да си дозволи да престојува овде.
Околината и
дворот се прекрасни, а зимата е волшебна.
Ова сместување
можете да го најдете во нашата база на приватни сместувања во регионот на
Кавадарци или пак со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Metodija Mitrevski
15.12.2022 07:54
Dali ima slobodni 4 dvokrevetni sobi za nova godina, za period od 31.12.-02-01-2023 godina, i kolku ~ini so docek na nova godina
-
Natalija Petrovska
26.11.2021 18:07
Fali da donesat konji ili cetiricikli, drugoto e odlicno!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.