18.08.2023
Во село Стојаково се произведува најдоброто домашно зреено месо
Во село Стојаково се произведува најдоброто домашно зреено месо
Југот на Македонија секогаш изненадува со нешто ново и невообичаено.
Ако го разгледаме фактот за тоа кој предел во Македонија континуирано и
иновативно се развива, ние во првите пет региони би го ставиле гевгелискиот
регион.
Денеска ве водиме во селото Стојаково кое се наоѓа на само неколку километри од ветерниците над Богданци. Селце кое има медитеранска клима и каде честопати може да се сети мирисот на морето, што за некои локални произвдители им нуди одлични услови за производство на зреено месо.

Тимот на Кајак.мк разговараше со Александар кој е дел од производството
на разни домашни кулени, пршути, бут, врат и ребра.
Александар вели дека во моментот произведуваат за локалните
потреби, но за два до три месеца ќе бидат подготвени своите производи да ги пласираат
во бакалницата на Кајак.мк, кои ќе може да се нарачат со еден клик ОВДЕ.
Станува збор за нов производ на пазарот, свежо и домашно производство со месо кое се набавува од локалните фарми каде што се селектира исклучиво квалитетното. Александар вели дека зреените производи се преработуваат во локална селска кланица и во посебна просторија идеална за зреење месо. Со самиот факт дека месото е од локалните жители, Александар вели дека може да се каже оти зрееното месо овде не го произведуваат индивидуални, туку го произведува целото село Стојаково.

Процедурата е многу едноставна, вели тој. Од една страна
затоа што во суровината се става само зачин, сол и стартер, а од друга страна е
тешка затоа што треба да се внимава на температурата и влагата да не варира
повеќе од 1 до 5 степени влага.
Производите "зрееат" минимум 2 месеци во специјализирана комора. Бидејќи станува збор за различни производи и суровини, Александар вели дека не може да се дефинира фиксното време кога производот ќе биде подготвен за трпеза.

Според него, постапката е финализирана во моментот кога еден производ ќе изгуби 50 отсто од водата. За да се постигнат овие резултати, секој производ се проверува еднаш неделно и се запишува датумот и килажата на истиот. Потоа се пакуваат вакумски за да се задржи свежината и вкусот на производот.

Засега на пазарот се нуди кулен и чајна од 150 грама. Акутелен е куленот со назив Тоскана, кој е во форма на лепче. Предноста на овој производ е тоа што нема црево. Неодамна започнале и со зреење на пршути од каре со назив Лонзино, бут со назив Фрикандо и од ребро со назив Панцета.

Панцетата е уникатна затоа што е ролована и изгледа убава на даска за сервирање. Да не ја изоставиме и кобасицата од тип на кулен ама со сосема друг зачин и поразличен мозаик, и која има назив Bella бидејќи е во бело нетранспарентно црево. Александар вели дека имаат план е да отпочнат со производство на една друга сосема поразчична кобасица со сосема друг зачин и со парчиња пршута внатре.
Како што ви напоменавме на самиот почеток, производите од Rural
Foods ќе бидат достапни во текот на есента кога ќе можете да ги нарачате преку
бакалницата на Кајак.мк
Коментари
-
Risto Simeonov
22.08.2023 00:37
Ve molam kontakt telefon
-
Biljana Nikolovska
20.08.2023 00:37
Bravo, edvaj cekam da gi probam proizvodite, veruvam deka ke bidat posebni zatoa sto se od jugot, Stojakovo
-
Julija Julija
18.08.2023 16:01
Cena akomoze
-
Blazovska Violeta
18.08.2023 11:24
Preubavo izgleda no sakame da naracame kako se dvizat cenite pozdrav
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)
Летните одмори стануваат значително поскапи: што ја крева цената на патувањата во 2026
Летните одмори во 2026 година стануваат поскапи од претходните сезони поради раст на цените на авионските билети, сместувањето и зголемената побарувачка. Оваа анализа објаснува кои фактори најмногу влијаат на туристичките трошоци и што можат да очекуваат патниците при планирање на своите летни патувања.
Викенд доживување во Кратово: скриен средновековен град, камени мостови, локални приказни и автентична македонска храна
Откријте го Кратово како една од најдобрите викенд дестинации во Македонија.