30.11.2020

Селото Горно Крушје e убаво 365 дена во годината!

Селото Горно Крушје e убаво 365 дена во годината!

Посетете го Македонси Брод, па оттаму истражете ги убавините на Македонија. Нашата денешна предлог дестинација е убава 365 дена од годината. Станува збор за селото Горно Крушје. Село кое е оддалечено 20 километри од Македонски Брод. Ова село се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод.


Прекрасно планинско село на надморска висина од приближно 1.160 метри. Со пописот во 1900 година селото Горно Крушје живееле 512 жители, но како што ни вели Ангела, девојката која го промовира ова село на социјалните мрежи, со пописот во 2002 година во селото Горно Крушје живееле 44 жители, а денеска според неа живеат околу 10 лица.

До селото можете да пристигнете по асфалтиран пат кој води преку селото Слатина. За љубителите на недопрената придода, чист воздух и вода, ова може да биде една од добрите предлози за викенд прошетки.

Сигурно се прашувате, а што би правеле во селото?

Тимот на Кајак.мк разговараше со Ангела која по потекло е од ова село, но живее во Македонски Брод. Таа вели дека, секој кој би бил заинтересиран може да се обрати на инстаграм профилот @gornokrushje и да побара од нив да го прошетат низ селото. 


Во самото село се наоѓа стара воденица која е рачно израбоена, а во која на времето се изработувале плетени кошници, дрвени маси, столчиња и ред други работи. 


Исто така може да бидат интересни за посета старите куќи во селото, црквата Св. Никола (Талалеј), старото училиште, малите водопади, селската чешма како и големиот даб- дрво кое е толку старо и големо што 7 лица фатени за раце не може да го прегрнат.


Повеќе интересни содржини можете да најдете на инста профилот @gornokrushje




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.