07.01.2021

Имам извозено тура од 1924 километри, но и поматаму Пелистер ми е омилена дестинација

Имам извозено тура од 1924 километри, но и поматаму Пелистер ми е омилена дестинација

Нова година, а со тоа и нова ера на туризмот. Тимот на Кајак.мк останува на ставот дека 2021-ва е година кога ќе промениме многу работи во начинот на патување. Тргнувајќи од фактот дека пандемијата не научи да го сакаме и цениме патувањетo и наместо да не ограничи во патувањето, пандемијата направи да сакаме да го истражуваме светот во детали.

Многумина од вас кои сте веќе наши редовни патници и читатели, сфативте дека Македонија има навистина убави места кои вреди да се посетат. Нашиот еко тим не ги исклучува странските дестинации, туку напротив се надева дека наскоро ќе може да ја прошири својата база и со сместувања од соседните земји.

Во 2021-ва продолжуваме да ве запознаваме со луѓе кои ние како млад тим ги ставаме на нашата лица со лица кои ќе го трансформираат туризмот во новата година. Луѓе кои вреди да им се даде простор на нашата платформа бидејќи знаат како да го искористат своето време за активен одмор.

Денеска ве запознаваме со Мартина Николовска, млада, амбициозна и девојка со авантуристички дух. Мартина е од Битола, но знае „да го живее светот на дланка“. За себе вели дека не се сеќава на првиот момент кога се заљубила во планината и патувањето. Вели дека тоа започнало спонтано. Уште од најраните години кога започнала средно училиште, слободното време го користела за на велосипед до Ниже Поле. Таму со својата другарка ги оставале велосипедите заклучени на барикадата на оградата и пеш се искачувале до Големото Езеро. Честопати се случувало да преспијат горе, а понекогаш се случувало да брзаат назад за да стигнат на училиште.

Планината ја сака поради мирот и тишината. Мартина вели дека таму можете да се пронајдете себеси да заборавите на проблемите и уживате.

Не е важно дали е лето или зима, за неа Пелистер е планина која не би ја заменила со ниту една друга. Таа и е првата љубов и омилено место за да побегне од гужвата.

Заљубена е во велосипедизмот. Секоја слободна прилика ја користи за на велосипед.
Има реализирано доста тури. Од Битола до Маврово, од Битола преку Галичица околу Охридското езеро. Она што го издвојува како поголем успех е туртата по Јадранската магистрала во времетраење од 11 дена и поминати 1337 километри и турата од Белград до Хамбург каде има извозено 1924 километри.

За неа планинските тури со велосипед се едни од омилените. Предизвик и е да виде што е можно повеќе од нашата недопрена убавина која ја имаме а која не може секогаш да се долови преку фотографија.

Во 2021-ва има планови да се искачи со својот велосипед на нови врвови и да раскаже нови приказни. Советите на Мартина до секој оној кој размислува да започне со ваков вид на рекреативно активен туризам да биде претпазлив со планините. Бидејќи тие, како што вели таа, си имаат свои правила. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.