15.05.2020
ЕУ ќе ги отвара границите во две фази
ЕУ ќе ги отвара границите во две фази
Европската комисија препорача отворањето на границите во рамките на Европската Унија да се спроведе во две фази, пишува Вечер.мк
Првата фаза би се однесувала на воспоставување слобода на движење со делумно укинување на ограничувањата и контролите на внатрешните граници, проследено со општо укинување на ограничувањата и контролите на внатрешните граници.
Комисијата наведува дека ограничувањата за патување во рамките на ЕУ треба постепено да се укинат доколку епидемиолошката состојба во ЕУ го продолжи сегашниот позитивен тренд, особено кога станува збор за постигнатиот низок степен на пренесување на коронавирусоот.
ЕК посочува дека првиот чекор треба да биде укинување на ограничувањата за патувања и граничните контроли помеѓу регионите, областите и земјите-членки кои имаат добра и слична епидемиолошка состојба.
Sangga Rima Roman Selia
Забележано е дека овластувањето за патување на територија или области во рамките на една земја-членка треба да биде недискриминаторско за сите региони и земји со слична епидемиолошка ситуација, а не да се заснова на географска близина.
„Ако сè уште нема одлука за целосно укинување на внатрешните граници, може да се преземат чекори за отстранување на ограничувањата, како што се замена на систематските гранични контроли со контроли засновани на ризик“, се вели во препораката на Комисијата.
Брисел ги повикува земјите-членки да ја координираат секоја одлука за отстранување на пречките за слободно патување.
„Едноставно и безбедно патување треба да им се обезбеди на оние кои имаат професионални причини, но и на лица кои имаат слични причини, како што е посета на семејството“, потенцира Комисијата.
Кога станува збор за „втората фаза“ и општото укинување на ограничувањата и контролите, Европската комисија изјавува дека тоа ќе се случи кога епидемиолошката состојба низ ЕУ ќе биде доволно добра и изедначена.
Се додава дека, покрај општото укинување на мерките, ќе се одржат и неопходните здравствени мерки за лична хигиена и физичко растојание на границите, но ќе продолжат и информативните кампањи наменети за информирање на граѓаните за состојбата и ризиците.
Извор: vecer.mk
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Aвиокомпании кои ги зголемија своите такси за багаж во 2020 година
Сезоната во Црна Гора започнува на 18-ти мај
Зошто треба да ги користите вашите денови за одмор дури и ако не можете да патувате
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.